Испробајте ги овие брзи уштипци со мелено месо. Многу се вкусни и ги добивате во изобилство, од само малку состојки се добива цел куп. Евтино, но многу вкусно јадење. Еце што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 г мелено месо, 3 јајца, 2 чешниња лук, сол, зеленчукова сува мешавина, црн пипер, лажица сув магдонос (може и свеж), чаша од 200 мл газирана вода, чаша брашно, лажичка прашок за печиво. И уште: масло за пржење

ПОСТАПКА: Во подлабок сад ставете го меленото месо, скршете три јајца, додајте ги сите потребни зачини или по вкус, сипете газирана вода и брашно, како и прашок за печиво. Добро промешајте додека смесата да се изедначи.

Смесата треба да е густа и аморфно течна, да може да се црпи со лажица. Во тава загрејте масло 1.5-2 см, па малку намалете ја температурата за да биде умерена. Лажицата најпрво натопете ја во врелото масло, па црпете од смесата и спуштајте со лажицата.

При спуштањето малку обликувајте ги уштипците. Пржете ги по неколку минути од секоја страна и превртете ги еднаш или двапати додека убаво да заруменат. Вадете ги врз чинија обложена со хартиена салветка.

Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „КИНЕЗЕРИ: Многу вкусно јадење, од 500 грама мелено месо ќе добиете 1 кг ќофтиња“ – ОВДЕ.

КИНЕЗЕРИ: Многу вкусно јадење, од 500 грама мелено месо ќе добиете 1 кг ќофтиња