Кога желудникот слабо работи доволна е само една чаша од овој напиток и ќе го решите проблемот

Анализите покажале дека кефирот има трипати повеќе добри бактерии од јогуртот и дека е многу поделотворен во исхраната.

За оние помалку упатените, кефирот – наједноставно кажано, е ферментирано млеко кое содржи важни пробиотички култури. Идеален е за желудникот, за работата на цревата, ја поттикнува нивната работа, ги прочистува од лоши бактерии и докажано е дека тој е одличен природен пробиотик.

Поради големиот број позитивни бактерии што ги содржи, кефирот е одличен лек против подуеност на стомакот, а докажано ги намалува гасовите во организмот.

Лицата кои имаат гасови во цревата, без разлика на тоа што и кога јадат, секојдневно би требало да пијат кефир.

На здравите лица им се препорачува кефир како превенција и како природен пробиотик. Исто така, според советите на нутриционистите, најдобро е кефирот да се приготвува дома – поевтино е, а можете да добиете и поголема количина.

Препорачана дневна доза кефир за сите лица е околу еден литар, мах 1,5 литар, не повеќе.

РЕЦЕПТ ЗА ПОДОБРА РАБОТА НА ЖЕЛУДНИКОТ

Доколку имате проблем со желудникот, доволно е да земете чаша кефир и во него да ставите една супена лажица мелено ленено семе и проблемот ќе биде решен за неколку минути. Промешајте ја мешавината и полека испијте ја.

КЕФИР СЕ ПРИГОТВУВА ОД КЕФИРОВИ ЗРНА

Потребна ви е една супена лажица кефирни зерна кои прво ќе ги измиете, а потоа ќе ги ставите во стаклена тегла и ќе ги прелиете со 250-300 мл домашно млеко (во оригиналот пишува –неварено млеко). Меѓутоа, напитокот исто така, може да се приготви и од купечко млеко, но домашното е поквалитетно.

Теглата покријте ја со газа за да може да ферментира, па оставете ја да отстои 24 часа на собна температура.

Потоа кефирот процедете го и напитокот е подготвен.

Коментар на Љубе Ванда:

”Теглата со кефир и млеко се покрива со газа или хартена салветка, не смее да се затвори со капак, затоа што ќе биде оневозможена ферментацијата и ќе изумрат кефировите габи. Се остава 24 часа на собна температура, па се процедува низ пластична цедалка. Не смее да се употребува метал, се користи исклучиво пластична или дрвена лажица.”

Претходна статијаЧудесни монашки капки – ги спречуваат сите болести, лекуваат затнати артерии, висок притисок, бели дробови
Следна статијаЛисната погача со тенка крцкава кора, а средина мека како памук, нежна и мека