За многумина Света Петка е заштитничка, а се верува дека посебно ги штити и им помага на жените, децата и старите луѓе. Верниците и’ се обраќаат со молитва, особено жените, за да им помогне во животни не-волји.




Покрај храмовите посветени на Света Петка, честопати се наоѓаат извори за кои се верува дека водата која извира од нив е лековита и дека поттикнува исцелување. Според народните верувања, Света Петка на верниците честопати им се јавува насон поради две причини: За да им пружи утеха и да им донесе добри вести, или пак, се јавува во вид на предупредување кога правиме некоја греш-ка.




Денот Света Петка не е само христијански празник, туку и крсна слава на многубројни православни верници кои сметаат дека оваа светителка е заштитничка на нивниот дом.




Молитва: „О, велика Божја угодничке! Храбра девојко, цврста маче-ничке, света Параскево! Со твоите свети молитви биди ни помошничка нам греш-ните, застапувај се и моли се за покајаните греш-ници.




Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на маче-ниците, пример за чистота, огледало на велокодушните, восхит на премудрите, чуварко на верата христијанска, изобличителке на лагата идолска, поборничке на Божественото Евангелие, ревнителке за Господовите заповеди, која се удостои да влезеш во пристаништето на вечниот спокој и во одајата на твојот жених Христос Бог да се радуваш, со двоен венец на девство и мачеништво украсена!

св.Петка, петочко водиче / NMD.mk




Те молиме, света маче-ничке, биди за нас молителка кон Христа Бога, од Чиј што преблажен поглед секогаш се радуваме. Моли Го Семилостивиот, Кој со еден збор на слепородениот му ги отвори очите, да нѐ избави од болеста на нашите очи, на телесните и духовните;




Pacтргај го со своите молитви духовниот м рак, создаден од нашите гре-вови, измоли од Отецот на Светлината благодатна светлина за нашите духовни и телесни очи; просвети нѐ нас, помрачените од гре-вови, со светлината на Божјата благодат, та преку твоите слепи молитви да им се даде на оние кои не гледаат слатко гледање.




О, Велика Божја угодничке! Храбра девојко, цврста маче-ничке, света Параскево! Со твоите свети молитви биди ни помошничка нам греш-ните, застапувај се и моли се за покајаните греш-ници, побрзај да ни помогнеш, бидејќи сме немоќни.




Моли Го Господа, чиста девојко, моли Го Милосрдниот, света маченичке, моли Го твојот Жених, непорочна невесто Христова, та потпомогнати од твоите молитви, да го растргнеме гревовниот мрак, во светлината на вистинската вера и дела Божествени да влеземе во светлината на вечниот невечерен ден, во градот на постојана радост, во кој ти светло блескаш со слава и бескрајна веселба, славословејќи и воспевајќи го со сите небесни сили Трисветлото Единствено Божество, Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови. Амин.