Кога ова ќе започнете да го консумирате, проблемот со подуен стомак и гасови ќе стане минато

Стомакот најчесто се дуе поради гасовите предизвикани од храна која тешко се вари, но може да биде и симптом и за некоја сериозна болест.

Доколку често имате проблем со подување на стомакот, треба задолжително да побарате лекарска помош и да направите испитувања со кои точно ќе се утврди причината за вашите тегоби.

Голем број експерти за лекување на овој проблем ја препорачуваат билката која речиси сите ја имаме дома и претставува најзастапена зачинска билка.

Loading...

Станува збор за магдоносот кој делува како диуретик, антисептик и ги регулира воспаленијата, а исто така, со векови е познат и како многу лековита билка во народната медицина.

Магдоносот има карминативни својства, исто како камилицата, што го прави моќен природен лек кој ги решава проблемите со подуеност и гасови во стомакот.

Можете да сварите чај од магдонос и камилица, да ја пиете водата во која отстојале или почесто да го ставате во јадењата што ги приготвувате. На тој начин магдоносот може да помогне во регулирање на метаболизмот и работата на цревата.

Магдоносот содржи фолна киселина, антиоксиданти (флавоноиди), здрави соединенија (миристицин и апиол) и витамини К, Ц и А, па затоа претставува и одличен лек за целиот организам.

Камилицата позитивно влијае врз функционирањето на дигестивниот систем и спречува подување на стомакот.

Потребни состојки:

500 мл вода
2 лажици магдонос (свеж, ситно сечкан)
1 лажица сува камилица

Постапка:

Во водата додадете ги билките. Варете на тивок оган 10 минути, а потоа процедете. Пијте по една мала шолја 15 минути пред оброк и една пред спиење.

Loading...