Сармички од блитва – здрав и многу вкусен оброк за целото семејство

Одличен рецепт, вкусно јадење за 10! Сармите можете да ги послужите со кисело млеко, ќе уживате во вкусот.

Потребни состојки:

Листови од блитва (33-35)
600 г мелено месо
2-3 главици кромид
50 г ориз
сув зачин (вегета), сол по вкус
1 лажичка црвен зачински пипер во прав
малку црн пипер
сув магдонос, мирудија (копар)
1 јајце

Постапка:

Листовите блитва добро измијте ги и потсечете го задебелувањето од дршката кое се наоѓа во средина на листот, за да не пукаат кога ќе се виткаат.

Loading...

На оган ставете едно тенџере со вода, па кога ќе зоврие, кратко спуштајте ги листовите за да омекнат (неколку секунди) и вадете ги на цедалка. Оставете ги на страна да изладат.

Фил: пропржете ситно сечкан кромид на малку масло, па додадете го меленото месо. Кога малку ќе се пропржат заедно, додадете ги зачините и уште малку динстајте. Пред крајот додадете измиен и исцеден ориз, па промешајте за да се изедначи смесата. Пропржете уште малку, па смесата тргнете ја на страна да излади. Во подизладената смеса додадете едно јајце и промешајте (јајцето ќе даде поголема компактност).

Виткање: Листот од блитва ставете го на работна површина и наросете го со малку сув копар. На пошироката страна од листот ставете една полна супена лажица фил, па завиткајте ја сармата како што е прикажано во видеото.

Витканите сарми наредете ги во огноотпорен сад. Прелијте ги со вода колку да бидат прекриени сармичките. Ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 степени, околу 1-1,5 час.

Кој сака може одозгора да стави ладна запршка: Измешајте една супена лажица брашно и една чајна лажичка црвен пипер во прав, па измешајте со малку ладна вода да нема грутчиња. На средина од печењето прелијте ги сармичките, па вратете ги во рерна да се допечат. Деталите можете да ги погледнете во видеото:

Loading...