Човековиот организам е чудна работа. Во него, истовремено се случуваат многубројни процеси. Ако се случува нешто необично, ние тоа го чувствуваме.

Меѓутоа, многумина не обраќаат внимание на тие сигнали. Но, зар не е најдобро да се отстрани проблемот на самиот негов почеток, отколку да се чека работите да се искомплицираат.

Значи, ајде да видиме што ни говорат одредени сигнали на нашиот организам.

Сувост на кожата од лицето

На вашиот организам му недостига витамин Е. За да го надополните, во својата исхрана вклучите ореви, масна риба и растителни масла.

Кршливи нокти и коса

Овие симптоми укажуваат на дефицит на витамин Б и калциум. Доволна количина содржат пченичните ркулци или леб од ркулци, интегралните житарки, мешунките, компирот, млекото.

Засилена желба за солено

Во организмот постои инфекција или воспалителни процеси, особено во урогениталниот систем.

Засилена желба за слатко

Постои можност од нервна исцрпеност и потребна е брза енергетска прихрана – глукоза.

Во овој случај, најдобро е да семе мед или горчливо чоколадо за да го избегнете проблемот со гастроинтестиналниот тракт.

Крвавење на непцата

На организмот му недостига витамин Ц. Го има во кромидот, лукот, овошјето и зеленчукот. Исто така, може да пиете и чај од шипки.

Лош сон, раздразливост, грчеви во нозе

Говорат за недостиг на магнезиум и калиум. На прво место неопходно е да внесете темнолистест зеленчук во исхраната, како што е спанаќ, блитва и кељ. По висока содржина на магнезиум се познати и јаткастите плодови како бадем, сончоглед, ленено семе.

Овие микроелементи, исто така, се наоѓаат во сувите кајсии, сливите и цвеклото.

Сува кожа на лактите

Јасен знак за недостиг на витамини А и Ц. Овие витамини се присутни во сувото овошје и зеленчук со жолта боја: морков, тиква, кајсија, портокал.

Сакате сирова храна

Овој симптом може да укажува на гастритис или проблеми со црниот дроб. Сировата храна ќе помогне во ублажување на грчевите и го смирува желудникот.

Желба за кисело

Организмот сам ги бара овие продукти, бидејќи му се неопходни за стимулација на црниот дроб или жолчката. Во исхраната вклучете лимон, брусница.

Сакате морски плодови

Треба да ги консумирате, бидејќи најверојатно имате недостиг од јод во организмот.