Кога ќе го пробате овој колач, ќе заборавите на баклавите и тулумбите! Најдобриот шербетен колач подготвен според рецепт на нашите баби. Не чекајте специјален повод, оовој колач можете да го направите секој ден. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за темна кора: 5 средни јајца, 5 лажици шеќер, 2.5 лажици брашно, 2.5 лажици гриз, 200 г мелени ореви, 80 г рендано чоколадо, 1 кесичка ванилин шеќер, 1 лажичка прашок за печиво (3 g)

За жолтата кора: 5 средни јајца, 5 лажици шеќер, 2.5 лажици брашно, 2.5 лажици гриз, 1 кесичка ванилин шеќер, половина лажичка прашок за печиво (1,5 g). За сирупот: 600 грама шеќер, 800 мл вода, сок од еден лимон. Гответе само 5 минути откако ќе почне да врие!

ПОСТАПКА: Го правиме првото тесто – скршете 5 јајца во подлабок сад и додајте 5 лажици шеќер. Матете со миксер 8-10 минути или колку што е потребно додека шеќерот да се растопи и добиете густа кремаста смеса.

Додајте просеано брашно, прашок за печиво, гриз, ванила и мелени ореви на неколку наврати додека полека мешате. Тестото треба да остане пенливо и воздушесто. На крај додајте го ренданото чоколадо, промешајте и излејте во намастена тепсија со средна големина.

Ставете да се пече 10 минути во загреана рерна на 200 степени. Во меѓувреме подгответе ја втората кора. Втортата кора се приготвува речиси идентично како и првата, само што во ова тесто не се ставаат ореви и чоколадо.

По 10 минути извадете го колачот од рерна и одозгора рамномерно сипете го тестото за жолта кора. Намалете ја температурата на 175 степени и печете уште 25-30 минути. За тоа време сварете го сирупот.

Извадете го колачот од рерна и оставете го настрана. Топлиот шербет прелијте го врз топлиот колач! Оставете да се излади и послужете. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.

За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „Многу вкусен ПАРЕН КОЛАЧ – Раванија со суво грозје, ореви, гриз и кокос“ – ОВДЕ.

Многу вкусен ПАРЕН КОЛАЧ – Раванија со суво грозје, ореви, гриз и кокос