Кога ќе помешате 2 многу моќни состојки, ќе добиете лек кој е многу делотворен и ефикасен против сите настинки и виpycи кои може да ги фатите преку зима. Од овој лек, имунитетот се јакне до максимум, а покрај тоа е многу вкусен.

За многумина можеби комбинацијата од лимон и ѓумбир е добро позната, но добро е повремено да се потсетуваме на овој природен препарат. Корисен е да се пие преку целата година, кога се има можност за тоа бидејќи состојките кои се потребни да го направите се секогаш достапни.




Овој лек помага во зајакнување на имунитетот, а оние што редовно го користат велат дека се немаат разболено после него. И тоа навистина е така бидејќи содржи две многу моќни состојки. Секако, како и со секој друг природен лек или храна, треба да се има баланс, односно да не се конcyмира постојано, туку да се иcпие една до две дози па да се направи пауза.




Особено треба да внимаваат лица со чувствителна слузокожа на дигестивниот тракт или кои веќе имаат проблем со желудникот кога пијат лимонов сок. Сепак, сè зависи и од отпорноста и самата индивидуа. Некои луѓе имаат посилен желудник, а некои не можат да ја толерираат концентрацијата на лимонската киселина, па лекот го разредуваат со вода.




За да го подготвите лекот ќе ви бидат потребни следниве состојки: 2 органски лимони, 1 корен од ѓумбир и квалитетен природен мед. „Јас секогаш правам мала количина од лекот, односно подготвувам 1 голема тегла и пијам цела доза, а потоа правам пауза поради горенаведената причина“, вели Драгана од каналот Направи Сама-Идеја за Креативци.




Од друга страна, лекот има рок на траење до 2 седмици така што подобро е да направам помала количина и постојано да си го подготвувам свеж. Еве како да го подготвите лекот: лимоните ставете ги да отстојат во вода во која сте раствориле сол, па секој лимон поединечно истријте го со крупна сол, доколку не е органски.




Потоа процедете го од водата и додајте нова вода, па истријте ги лимоните со сода бикарбона. Исто така и во водата ставете малку сода и оставете ги лимоните да отстојат во неа уште 15-20 минути, а може и подолго.




Во меѓувреме излупете еден ѓумбир од кората и исечете го на помали парчиња. Може да користите корен со големина по ваша желба, во зависност колку го поднесувате неговиот лут вкус. Кога лимоните ќе отстојат во водата, извадете ги и избришете ги со кујнска крпа.

Потоа отсечете им ја дршката бидејќи не е потребна, односно двата краеви и исечете ги на тенки кругови. Од секој лимон при пресекување, отстранувајте ги семките кои даваат горчина и ќе ви го раcипат вкусот на напитокот.




Всушност, напитокот кој го подготвувате е многу вкусен бидејќи се граничи со благ, кисел и лут вкус, една од најубавите комбинации. Теглата која ќе ја користите за подготовка на лекот ставете ја во вода во тенџере да зоврие, за малку да се стерилизира, заедно со капакот.




Потоа оставете да се олади и исуши, а кога ќе стане млака започнете да ги редите тенките кругови лимон во неа. Додајте малку мед по вкус, па неколку парчиња ѓумбир и така наполнете ја теглата. Нема некој посебен редослед на редењето.




Потоа теглата добро ја затворате и ја превртувате со капакот кон долу да отстои на собна температура 1-2 дена. По изминатото време, теглата ја чувате во фрижидер.

Начин на конcyмирање: Ставете околу половина ракиена чашка во една шолја и преливате со чиста, превриена и оладена вода (може да биде и млака за да може да пиете), малку промешувате и го пиете лекот. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.