Кога е најдоброто време за киселење зелка? Овој рецепт им успева и на почетници…

Многумина во денешно време преферираат да купуваат готова кисела зелка, пропуштајќи го традиционалното киселење кое е магичен процес и кој вреди да се искуси…

Важно е да се знае како правилно се кисели зелката, како да се одржува што подолго без расипување, но и кое е најдоброто време да се стави во буре, за да биде спремно токму во потребното време.

Самата постапка е многу едноставна…

Бербата на зелките обично започнува кон крајот на септември, и тоа е периодот кога некои од нас веќе полека започнуваат со полнењето на бурињата. Во вакви временски услови зелката побрзо се закиселува…

Како се кисели зелка…Рецепт кој им успева и на почетници, не може да ви се расипе…

Ако температурите се над 22 степени, зелката брзо ќе ја промени бојата и ќе се појави т.н. цвет или бела скрама на врвот од бурето, што е знак дека треба да се спречи понатамошната ферментација, за да не дојде до брзо расипување на зелката.

За да се одбегне ова, најдоброто време за киселење би било од средината на октомври, па сѐ до почетокот на ноември.

Како се кисели зелка за зима без преточување – 16 години вака ја киселам и никогаш не ми се расипала

Најважно е да одберете зрели и цврсти главици зелка. Издлабете ги со нож, односно отстранете го средишниот тврд дел од коренот и тоа вдлабнување наполнете го со сол.

Наредете ги зелките во бурето и оставете ги така до следниот ден, а потоа налијте ја течноста.

Важно е да се знае колку сол се става на 10 литри вода. Наша препорака е 400 г сол. Па така, ако користите буре од 20 литри, едноставно удвојте ја количината. Зелката треба комплетно да биде потопена во течноста.

Одозгора треба да ставите потисок, камен или нешто слично. Ако сакате зелката да добие жолта боја, тогаш ставете една или две пченки во бурето.

КИСЕЛЕЊЕ НА ЗЕЛКА ВО КЕСА – БЕЗ НЕПРИЈАТНИ МИРИСИ ВО СТАНОТ: Брзо киселење и без преточување

После неколку дена проверете го бурето и доколку е потребно додајте уште вода за да биде зелката прекриена. Во текот на следните денови треба да ја собирате евентуалната пена која се собира на површината и да го исперете потисокот.

Вака подготвената зелка може да трае до доцна пролет. Видеото погледнете го ОВДЕ.