Кое овошје најмногу им годи на болните бели дробови и ги прави поотпорни

Дури и пушачите кои редовно консумирале јаболка и круши, станале поотпорни на хроничен бронхитис. Овошјето и зеленчукот, како што веќе е добро познато, многу е здраво и го штити организмот од многу болести.

Но, јаболката и крушите имаат предност кај хроничните заболувања на бели дробови, доколку се споредат со другите видови овошје, заклучиле истражувачите од Националниот институт за здравје во Билтховен во Холандија.

Тие претпоставуваат дека секундарните билни материи кои се содржани во овие плодови – катехините, би можеле да бидат “одговорни” за оба нивно лековито својство. Кај дури 14.000 лица кај кои тимот експерти тоа го набљудувал и кои јаделе јаболка, било забележано помалку заболување проследено со кашлица и оштетување на дишните органи од останатите лица кои не го консумирале ова овошје.

Дури и пушачите кои редовно консумирале јаболка и круши, станале поотпорни на хроничен бронхитис. И некои други билни материи кои посебно се наоѓаат во двата вида овошје се од големо значење. Самите катехини, кои, на пример се наоѓаат во чајот и го штитат срцето и кр-вните садови од заболување, го немаат тоа позитивно дејство кај белодробните заболувања.

ПРОЧИТАЈТЕ: Најздравите и најлековитите јаболка се ПЕТРОВКИТЕ – ако ги имате, не сте свесни колку сте среќни Петровките го штитат срцето и белите дробови, го чуваат црниот дроб и видот, спречуваат напади на астма.

Мирисните плодови на јаболката петровки за многумина се првото сеќавање на детството. Постојат бели и црвени петровки, а се разликуваат по величината на плодот и бојата. Името го добиле по празникот Петровден кога созреваат. Петровките имаат средно бујно стебло, со тркалезна крошна.

Плодот е ситен до средно крупен, со тежина од 40 до 50 г. Имаат тенка лушпа, а плодот е сочен со киселкасто-сладок вкус и пријатен мирис. Ова е најраната сорта на домашни јаболка. Прва созрева кон крајот на јуни до средината на Јули (околу Петровден) кога се бере.

Порано во секој двор имало барем едно стебло петровка. Поради својата голема отпорност кон разни болести, инсекти и непогоди, луѓето често ја саделе. Не бара прскање ниту преголема грижа. Јаболката петровки имаат особено лековито дејство:

ГО ШТИТИ ЗДРАВЈЕТО НА СРЦЕТО. Една од најважните здравствени благодети на јаболката е нејзиното влијание врз срцето. Влакната со кои обилуваат јаболката имаат способност да го намалат нивото на лошиот холестерол со што се намалува ризикот од срцеви заболувања. Дури, јаболката спречуваат создавање на наслаги во артериите и со тоа се намалува ризикот од срцев удар.

ПРЕВЕНЦИЈА ОД АСТМА. Една од важните предности на јаболката е тоа што содржат флавоноиди. Овој нутриент е добро познат по тоа што ги спречува астматичните напади. Покрај тоа, флавоноидите имаат многу важна улога во јакнењето на белите дробови. Некои истражувања покажале дека лицата кои редовно консумираат јаболка имаат подобра функција на белите дробови од останатите.

ЧИСТЕЊЕ НА ЦРН ДРОБ. Ова сочно овошје поволно влијае врз здравјето на црниот дроб и помага да се ослободи од токсините.

СОДРЖИ ЗНАЧАЈНИ АНТИОКСИДАНТИ. Иако повеќето видови овошје содржат антиоксиданти, јаболката содржат една од најзначајните видови, а тоа е кверцетинот, кој го намалува штетното влијание на слободните радикали, го јакне имунитетот и спречува појава на бројни заболувања.

ГО ЧУВА ВИДОТ. Со оглед на тоа што се богати со антиоксиданти, јаболката можат да делуваат превентивно на појава на катаракта.

БОГАТИ СО ВЛАКНА. Јаболката се одличен извор на влакна, па така помагаат во правилната работа на системот за варење. Покрај тоа, влакната можат да го регулираат апетитот и да ве држат сити подолго време.

ЈА ЗГОЛЕМУВА ИЗДРЖЛИВОСТА. Ако сакате да ја зголемите издржливоста, изедете јаболко пред тренинг. Јаболката имаат способност да го зголемуваат дотокот на кислород во белите дробови, па ќе можете полесно да вежбате.

ПРОТИВ ЗАПЕК. Овој многу сериозен здравствен проблем се јавува кога дебелото црево апсорбира премногу вода. Јаболката ефикасно го решаваат проблемот со запекот, бидејќи содржат сорбитол и столицата ја прават помека и почеста.

ПОМАГА ВО СЛАБЕЕЊЕ. Веројатно сте слушнале дека лицата кои водат сметка за својата исхрана јадат почесто, но помали оброци во текот на денот. Јаболкото се смета токму како еден оброк, а посебно е корисно доколку се консумира наутро, на гладно, кога може да го забрза губитокот на килограми. Кога ќе се почуствувате гладни, изедете јаболко наместо чоколади или чипсови.

Loading...
Претходна статијаЛажен баник, вкусен и брз за приготвување, тестото не се меси туку се меша со лажица
Следна статијаБозелот помага во лекување на ракот, но ја лечи и кашлицата: еве како се приготвува чајот, сокот и лековитиот мед