КИСЕЛА ЗЕЛКА СПРЕМНА ЗА 10 ДЕНА: Со еден народен трик, таа брзо ферментира

Ниедна зима не може да се замисли без киселата зелка, која е многу вкусна зимница. Валентина го сподели нејзиниот трик за киселење на зелка и самата таа вели да не брзате и да ја барате во супермаркетите, бидејќи уште ја нема. Подгответе си ја сами, користејќи мал народен трик.




Најчесто луѓето одбегнуваат да ја киселат зелката во домашни услови бидејќи процесот може да трае предолго. Со рецептот на Валентина, процесот трае само 10 дена и после тоа, ферментираната зелка ќе ви биде подготвена за да си правите сарми или подварок.




За киселење, нормално ќе биде потребно да набавите зелка, а количината ја одредувате вие. Потоа ќе ви биде потребно јодирана или камена сол, топла вода и поголем сад (контејнер). Останатото може детално да го прочитате во постапката која е опишана подолу.




Најважно е на почетокот да одберете здрава главица од бела зелка. Може да ставите две или три главици, колку што ви е потребно. За да постигнете брзо киселење на зелката, т.е да го забрзате процесот на ферментација, ќе ви биде потребно едно „клавче“ пченка.




Скробот кој всушност се содржи во пченката се разградува на прости шеќери кои го поттикнуваат процесот на ферментација. За почетокот, со нож отстранете ги сувите/надворешните листови од зелката, па извадете го средишниот тврд дел од главицата. Вака подготвените главици се ставаат под млаз вода да се измијат.




Потоа земете една најобична вреќа за ѓубре од големите и чиста канта или помало буре за да можете да ги складирате зелките. Кантата се обложува со друга голема кеса за ѓубре, па се зема првата кеса и во неа се става една главица зелка.




Во вдлабнатината која ја направивте првично, се става сол додека да се исполни внатрешноста. На истиот начин се подготвуваат и другите главици зелки, кои се ставаат во истата кеса (доколку има простор, ако не во друга кеса).




Клавчето со пченка се дели на половина и се става во кесата со зелките. Вака подготвените главици се префрлаат сосе кесата во кантата, со делот од кај што ја ставививте солта, да биде свртен нагоре. Третата главица се подготвува на истиот начин и се става одозгора, врз првите две зелки.




Земете млака вода (да не биде врела) во која треба да ставите малку сол и прелијте од страна на зелките. Врз зелките може да ставите една чинија за да не ви излегува на површина и одозгора повторно прелијте со вода. Секоја кеса убаво се врзува на врвот и се стегнува.

Кесата/вреќата треба да плива во вода, а потоа се затвора и целата кеса со која е обложена кантата. За 7-10 дена зелката ќе биде ферментирана, доколку ја ставите да отстои на светло/топло место. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

Претходна статијаГОТОВИ ЗА 20 МИНУТИ: Лесни КЕКСИ колачиња кои ќе ве освојат со вкус и крцкавост
Следна статијаЕве што пие д-р Марио кога има несоница – со овие две состојки го јакне имунитетот и го чува здравјето