Home Рецепти Кифлички за 10 минути – сосем поразлично приготвување, видете како

Кифлички за 10 минути – сосем поразлично приготвување, видете како

Потребни состојки:

750 г брашно

150 г путер

3 лажици шеќер во прав

2 мали лажички сол

500 мл млеко

50 г свеж квасец

1 јајце и малку сол

<

​

Ако правите слатки печива:

​

750 г брашно

150 г путер

125 г шеќер во прав

500 мл млеко

50 г свеж квасец

1 јајце и малку шеќер

​

околу 30-40 г растопен путер за премачкување

​

Постапка:

1.Сварете го кратко млекото помешано со шеќер во прав и путер (само до точка на вриење). Изладете ја смесата до 37 степени (на допир на прст), во смесата изматте свеж квасец. Додадете брашно и сол. Замесете мазно тесто.

​

2.Од тестото веднаш обликувајте 20 топчиња. Секое топче тенко расукајте го и свиткајте го во кифла.

Кифлите редете ги во плех обложен со хартија за печење. Прекријте ги со кујнска крпа и оставете ги да одморат еден час на собна температура. Во меѓувреме загрејте ја рерната на 250 степени.

​

3.Пред печење премачкајте ја секоја кифла со изматено јајце во кое сте додале малку сол. Печете 8-10 минути во загреана рерна на 250 степени. Печените кифли премачкајте ги со растопен путер или маргарин (30-40 г).