Една од омилените закуски направена на поинаков начин. Рецептот за солени принцес крофни воопшто не е комплициран, а може да се користат како предјадење а особено се ефектни доколку ги приготвите за слава или друга домашна забава.

Доволно е да ги наредите врз зелена салата, а како украс во чинијата можете да ставите и полнети домати или полнети варени јајца. Па дури и да ги сервирате сами, солените принцес крофни ќе изгледаат преубаво, но она што е најважно – секој ќе ужива во нивниот вкус.

Потребни состојки за тесто:

6 цели јајца
250 г брашно
200 мл млеко
150 г путер или маргарин
1 лажичка сол
Тестото се приготвува многу лесно:

Измешајте го млекото со 200 мл вода и ставете на тивок оган да проврие. Додадете сол и путер.

Додавајте го брашното и постепено мешајте со лажица. Кога тестото ќе започне да се одвојува од ѕидовите на садот, префрлете го друг сад за матење.

Потоа додавајте едно по едно јајце и матете. Тестото за солените принцес крофни можете да го матите и со миксер, но може и рачно или со дрвена лажица.

Вака приготвеното тесто ставете го во шприц, па истиснувајте топчиња со величина по ваша желба. Ако немате шприц, истото можете да го направите со кеса за замрзнување, или едноставно да вадите со лажица.

Редете ги топчињата на хартија за печење и печете ги половина час во добро загреана рерна.
Кога принцес крофните се готови, сечете ги на половина уште додека се топли.

Како се прави филот за принцес крофни?

Филот можете да го приготвите на различни начини. Предложениот рецепт е само еден од нив.

Потребни состојки за фил:

250 г сирење
2 чаши кисела павлака
150 г шунка
½ китка миродија
½ китка магдонос
Постапка:

Исечкајте ја шунката ситно, па измешајте со сирниот намаз и павлаката. ​
Ситно исечкајте го магдоност и миродијата, па заедно добро промешајте.

Додадете зачини по желба (сол, бибер, вегета, оригано…)
Филувајте ги принцес крофните и преклопувајте ги. Потоа оставете ги да изладат, па послужете.