Кифлички со компир пире – превкусни, се печат за 12 минути

Рецепт: Sašina Kuhinja

Потребни состојки:

300 г брашно

1 мала лажика сол

Loading...

1 сув квасец

100 мл млако млеко

4 големи лажици масло

200 г пире од компир

1 јајце

Постапка:

Сите состојки се замесуваат околу 2 минути. Се остана на топло околу 30 минути да се подига. Во оваа фаза на подготовка, тестото е лепливо за прсти, но не грижете се, така треба да биде (не додавајте уште брашно – ќе го расипете тестото).

Кратко промешајте. Расукајте кора со оклагија и сечете тријаголници за класични кифли. Обликувајте кифли. Премачкајте со размачкано јајце и сусам.

Оставете да киснат на собна температура 45 минути. Печете во претходно загреана рерна на 200 степени, околу 12 минути за убаво да заруменат. Печените кифли премачкајте ги со малку масло или растопен путер.

Погледнете го видеото:

Loading...