Кифли со ароматичен путер со лукче и магдонос, не можам да престанам да ги јадам

Фото и рецепт: Ирена

Loading...

Потребни состојки:

400 г тесто
30 г шеќер
½ лажичка сол
1 лажичка квасец
250 мл млеко
30 г путер

за ароматичен путер:

60 г путер
4 чешниња лук
2 лажички сув магдонос

за премачкување:

1 јајце

Постапка:

Од сите наведени состојки замесете убаво мазно тесто и оставете го на топло да стасува.

Путерот пенасто изматете го, па додадете му ситно сечкан магдонос и лук.

Кога тестото ќе стаса и ќе се удвои, поделете го на 12 топчиња. Секое топче развлечете го во долгнавеста кора, па свиткајте ја исто како за пекарски кифли.

Вака свитканите кифли редете ги во намастен плех, па по целата должина расечете ги со остар нож. Само расечете ги, не одете до корај.

Потоа целата кифла премачкајте ја со изматено јајце, а во средината, каде што е расечена кифлата, распоредете ароматичен путер.

Кифлите ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 180 степени, додека убаво да заруменат.

Loading...