Постојат многу видови мед, а секој од нив е лековит. Секој мед е биокатализатор и добар е за цревата и воопшто за дигестијата. Вистинскиот, природен мед може да ви биде од голема корист при било која болест.

За читателите на НМД издвоивме 20 видови мед, а вие одберете кој најмногу ви одговора.

1.ЛИПОВ МЕД

Липовиот мед има бистра, речиси проѕирна боја и има доста сладок вкус. Ги олеснува дишните тегоби и се препорачува кај настинки и грип. Поттикнува потење, поволно делува врз дигестијата, ги ублажува грчевите и ги смирува болките. Корисен е за проблеми со бубрезите, бидејќи поттикнува излачување на штетни материи од организмот. Липовиот мед не смеат да го консумираат срцеви болни.

2.ЦВЕТЕН МЕД

Цветниот или ливадски мед се добива од различни видови цвеќе, во зависност од поднебјето. Има благ и ароматичен вкус. Поради посебниот состав се препорачува за подигање на имунитетот и закрепнување после болест, кај сезонски алергии и алергиска астма.

3.БАГРЕМОВ МЕД

Багремовиот мед го карактеризира исклучително светложолтата боја и слаткиот вкус. Овој вид на мед им одговара на повеќето луѓе, бидејќи неговата арома практично не се чувствува во напитоците. Одличен избор за мали деца (со одобрение на лекар) и за лица кои закрепнуваат после болест. Се користи кај проблеми со кардиоваскуларен систем и опстипација (запек). Поради седативното дејство, помага и при несоница, нервоза и напнатост.

4.МЕД ОД ХЕЉДА

Хељдиниот мед има најтемна боја и силен вкус. Богат е со минерали и антиоксиданси поради што спаѓа во најздравите видови мед. Се препорачува за слабокрвни лица, а многу помага и за кашлица. За олеснување на кашлицата кај деца се дава мала лажичка пред спиење.

5.МЕД ОД ЖЛАФИЈА

Медот од жалфија најчесто има светложолта со зеленкаста боја, од слаткаст до горчлив вкус. Делува релаксирачки и го подига расположението. Овој мед се користи за лекување на тегоби со респираторниот систем, особено при кашлици, но и за јакнење на имунитетот.

6.МЕД ОД КОСТЕН

Костеновиот мед има специфична цвенкастокафеава боја. Има малку посилен вкус, па на некои луѓе не им одговара. Поради своето силно антибиотско делување, костеновиот мед е еден од најлековитите медови што постојат. Се користи главно кај сите болести и воспаленија.

Поволно делува кај чир на желудник, жолтица, бактерија во уринарен систем, слаба циркулација и ослабен срцев мускул. Помага во подобрување на дигестивниот систем.

7.МЕД ОД ЧАЛИЈА/ДРАКА

Медот од драка е квалитетен мед со жолта боја кој многу тешко може да се фалсификува, речиси е невозможно. Многу брзо кристализира и има многу нежен вкус. Богат е со ацетил-холин, состојка која ја поттикнува циркулацијата и работата на крвниот систем. Помага во намалување на штетниот холестерол. Го јакне имунитетот, помага кај проблеми со дишењето, а се користи и како превенција за лекнување на малигни болести.

8.ПЛАНИНСКИ МЕД

Планинскиот мед е многу ценет и лековит вид на мед. Се добива од незагадени планински билки, па поради својот состав е многу баран на пазарот. Има силно антимикробно дејство, па дури и кога ќе се разреди во однос 1:150. Се користи за јакнење на имунитетот и проблеми со дишењето, за лекување на кашлица, восплено грло и синуси. Во народната медицина се користи за дезинфекција на кожни воспаленија и рани. Помага за лекување на гинеколошки тегоби и воспаленија предизвикани од вируси и бактерии.

9.МЕД ОД ЛАВАНДА

Медот од лаванда има интензивен вкус и мирис, а може да има светла но и темна боја. Спаѓа меѓу најлековитите видови со силно дејство – овозможува искористување на калциум и железо од храната. Посебно им се препорачува на трудници и на сите оние кои им недостига калциум во организмот, при проблеми со забите и коските, остеопороза, висок крвен притисок, алергија на сонце. Лековито делува на дигестивниот систем, ги чисти белите дробови и ја смирува кашлицата. Лицата кои се алергични на пердув им се препорачува секојдневно консумирање на мед од лаванда.

10.МЕД ОД ГЛОГ

Глоговиот мед има светло кафеава боја и силен вкус. Им се препорачува на срцеви болни бидејќи го регулира притисокот, помага при атеросклероза, ангина пекторис, оштетен срцев мускул и воспление на срцев мускул. Се користи и за смирување.

11.МЕД ОД ЕВОДИЈА

Овој мед повеќе е баран на америчкиот отколку на европскиот пазар. Според изгледот е најсличен на медот од багрем, но има специфичен овошен вкус и не кристализира. Има многу потентен состав и особено е погоден за лица кои имаат проблем со крвниот притисок.

12.ВРЕСКОВ МЕД или мед од црњуша/зимоцвет (Erica carnea)

Овој мед има темножолта моја. Има пријатен вкус, па го сакаат и децата. Исклучително е лековит кај ревматизам, болести на уринарен тракт и бубрези. Помага и кај дишни тегоби. Ако сте пушач, искористете ги благодетите од врескиниот мед. Во комбинација со чај од вреска, ќе ви помогне да ја искашлате слузта од дишните патишта.

13.АМОРФИН МЕД

Медот од аморфа има специфична црвенкаста боја, сладок вкус, благ мирис.Се препорачува кај исцрпен организам и за подигање на енергијата на крајот од напорниот ден. Претставува добар извор на протеини, витамини и минерали.

14.МЕД ОД СОНЧОГЛЕД

Сончогледовиот мед има специфична жолтеникава боја, вкус и мирис. Им припаѓа на ценетите видови мед, но брзо се кристализира. Се користи кај тегоби поврзани со дишните патишта (воспаление на грло и синуси) и благотворно делува кај дигестивни, белодробни и бубрежни заболувања. Претставува природно средство за лекување на сите видови воспаленија. Го забрзува зараснувањето на рани. Им се препорачува на срцево болни, стари лица на кои им е потребен одмор и доплнителна енергија, како и на деца во развој.

15.МЕД ОД ГЛУВАРЧЕ

Медот од глуварче има интензивна жолта боја и вкус кој брзо кристализира. Ги ублажува последиците од болест на црн дроб (цироза, колециститис, колитиса) и желудечни болести. Помага кај гастритис, колитис и запек.

16.РУЗМАРИНОВ МЕД

Медот од рузмарин има светложолта боја и нагласен вкус. Поволно делува кај болести на крвни садови, бидејќи го поттикнува крвотокот. Претставува природно средтсво за подобрување на функцијата на црниот дроб и подобро излачување на жолчка. Помага при слаба дигестија, реума и висок притисок.

17.МЕД ОД РЕПКА

Медот од репка има светложолта боја и содржи голем број цветен прав. Веднаш кристализира, па по тоа можете да го препознаете и разликувате од лажниот мед. Го чисти црниот дроб и го регулира нивото на масни киселини во организмот.

18.ЗЛАТНОШИПКИН МЕД

Овој мед има златножолта до темножолта боја, препознатлив вкус и мирис и исклучителен квалитет. Се користи како диуретик, бидејќи поттикнува излачување на вишок течности и токсини од телото. Ефикасен е и кај нервните заболувања, стрес и тегоби.

19.ШУМСКИ МЕД

Медиковецот, медот од ела или шумски мед е многу ценет вид на мед, многу вкусен, со темна боја. Многу брзо кристализира. Посебен е по тоа што се добива од медена роса кои ја произведуваат растителните вошки во одредени временски услови. Има силно антимикробно и антивоспалително дејство. Поради високиот процент на железо, им се препорачува на анемични лица, за закрепнување после тешки болести и операции. Богат е со минерални соли и содржи малку шеќер, па често им се препорачува на дијабетичари и спортисти. Трудниците можат да го консумираат во текот на целата бременост.

20.МАНУКА МЕД

Манука медот се добива од цветот на зимзеленото дрво Манука кое расте само во Нов Зеланд и се смета за најлековитиот мед на светот. Има стабилни, моќни и единствени антибактериски својства кои не се присутни во ниеден друг вид. Помага и кај најотпорните бактерии, како МРСА, за што сведочат бројни корисници ширум светот, а кои благодарение на овој мед се спасиле од ампутација на екстремитетите. Особено е корисен кај слаб имунитет.

ПРИМЕНА НА МЕДОТ

Препорачана дневна количина на мед за возрасно лице е помеѓу 60-100 г, распоредено во три делови (наутро, во текот на денот и пред спиење). Препорачана дневна количина на мед за деца е 30 г, исто така распоредени трипати во текот на денот.

Пред да се голтне медот потребно е добро да се растопи во устата. Кога го додавате во топли напитоци, внимавајте течноста да не биде потопла од 40 степени, за да се сочуваат неговите лековити својства.