Ова е десерт за сите што сакаат да ослабат. Се приготвува без шеќер, а се користи негова замена еритритол или стевија или некој друг засладувач наменет за дијабетичари.

Кој нема проблем со килограмите може да стави една супена лажица шеќер, но и натаму овој колач ќе остане диетален, бидејќи доста заситува, а изобилува со хранливи нутриенти.




Многу брзо и едноставно се приготвува овој рецепт кој е доволен за 6 големи колачи. Ќе ви биде потребен силиконски калап за мафини или хартиени корпички. Колачите се многу вкусни и совршени за сите кои се на кето диета. Колачите немаат глутен, па добри се и за сите кои имаат проблем со работата на цревата.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 60 г сирови бадени, 30 г интегрално какао во прав, 100 г слатка павлака 33%, 130 г путер од кикирики, 130 г крем сирење (маскарпоне, филаделфија…), 40 г еритритол (erythritol) или некој друг засладувач.




ПОСТАПКА: Бадемите малку пропржете ги на сува тава, на тивок оган колку да замирисаат убаво. Истостираните бадеми оставете ги малку да се оладат, а потоа сомелете ги во блендер, да добиете ситно брашно.




Во силиконските калапи ставете по една лажичка од бадемовото брашно, колку да се покрие дното со 1-2 мм дебелина. Тргнете на страна додека ја приготвувате смесата за колачот. Во подлабок сад истурете го остатокот од мелените бадеми.




Додајте 30 интегрално, квалитетно какао во прав, 100 мл загреана слатка павлака (кога ќе ја загревате внимавајте таа да не зоврие зошто ќе го промени вкусот) и 130 г исто така загреан путер од кикирики. Путерот загревајте на тивка температура само колку тој да стане течен.




Потоа додајте 130 г крем сирење (може кое било по ваш вкус, на собна температура) и две супени лажици еритритол или некој друг засладувач по ваш избор и вкус (40 г). Со рачен блендер изблендирајте ја смесата додека да добиете фина, изедначена, мазна и хомогена смеса.




Со оваа смеса полнете ги калапите со добро натапкување за да не останат правни и виздушести простори. Израмнете ја површината, па калапите ставете ги во фрижидер на ладење околу 2-3 часа.

После тоа извадете ги и послужете ги. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.