Направете сочно БУХТЛЕ: тестото е меко како памук, стар селски рецепт кој ќе ви ја згрее душата

Вакво меко тесто не сум јадела од моето детство. Рецептот ми го даде баба ми која постојано ми правеше вакви печива меурчиња, а внатре ги полнеше со фил. Тестото се подготвува многу брзо и лесно. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 мл топло млеко, 100 мл ладна вода, 40 г свеж квасец или 15 г сув квасец, 2 јајца, 1 голема лажица шеќер, 50 мл масло, 1 ванилин шеќер, 800-900 г брашно, 50 г путер, џем, јаткасти плодови (може ореви) и шеќер во прав.




ПОСТАПКА: Во подлабок сад замесете го тестото. Прво ставете го врелото млеко, па во него додајте ја ладната вода. Млекото може да го загреете во тенџере на рингла, но тргнете го пред да зоврие, треба да биде само многу топло, не зовриено.




Малку промешајте, па додајте го свежиот квасец како јас што направив. Можете да користите и сув. Додајте ги двете јајца и измешајте со жица/маталка додека да се соединат со другите состојки. Потоа додајте го шеќерот, маслото, ванилиниот шеќер и повторно измешајте.




На крај и постепено се додава брашното додека полека да започне да се формира тесто. Потоа преминете на месење со раце и добро замесете го тестото така што да биде нелепливо под прсти. Кога ќе го замесите ставете го во садот каде што првично го подготвувавте, покријте го со пластичен капак и крпа и оставете да се удвои 30 минути на топло место.




За тоа време земете еден кружен лимен сад и премачакајте го длабински со полурастопен путер по страните и на дното. По изминатото време малку премесете го тестото и повторно покријте го со садот да отстои уште 2 минути за да може поубаво да работите со него.




Потоа развлечете го со оклагија со дебелина од половина прст и со чаша вадете форми-кругови. Кога ќе ви се потроши тестото повторно размесете го и извадете форми додека можете да го развлекувате. Од извадените кругови малку истегнете ги со раце.




Во средишниот дел на секое тесто ставете по 1 мала лажичка од вашиот омилен џем и по 1 голем орев или 2,3 помали парчиња. Јас користев домашен џем од сливи кој има само 1 лажица шеќер, но сепак е многу благ бидејќи сливите кои ги собирав беа шербет.




Затворете ги круговите во топче и редете ги со завитканата страна кон долу во плехот. Исполнете го целиот плех со топчиња, а потоа тестото оставете го да отстои уште 15 минути.

По изминатото време, премачкајте го со растопен путер. Останатиот путер зачувајте го за подоцна. Печете во претходно загреана рерна на 200 степени, околу 30 минути, но повремено проверувајте.




На крајот меурчињата се премачкуваат со растопениот путер и се остават да се оладат, па се послужуваат. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

Претходна статијаКЕТО КОЛАЧ: Може да се јаде и навечер, без шеќер и брашно, за сите што се на КЕТО ДИЕТА
Следна статијаЏиновски СНИКЕРС ролат: сите се израдуваа на него, само се мешаат 2-3 состојки и готов е