KOЛАЧ СО 1 ЈАЈЦЕ И ЈОГУРТ: Измешајте ги состојки, излејте и испечете, многу сочен чоколаден колач

Ако сакате да направите нешто здраво, а многу вкусно, овој колач нема да ве изнрвери. Ако се храните здраво, слободно направете си го овој колач од кој ќе може да си дозволите да каснете малку благо, а сепак да не е многу калорично.




Подготовката на колачот е многу едноставна: се прави 1 јајце, па потоа се додаваат останатите состојки по ред, како што е опишано подолу во постапката. Потоа целиот колач се излева во калап, се додаваат уште неколку состојки и се става на печење. Може да се јаде веднаш.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 јајце, 100 г овесно брашно (3/4 шолја), 60 г шеќер (1/3 шолја) може да ја зголемите или намалите количината по вкус, 40 г незасладено какао (1/3 чаша), 125 мл јогурт (1/2 чаша), 20 мл масло (1 лажица + 1 лажиче), 7 г прашок за печиво (1/2 лажиче), 100 мл млеко (1/3 шолја + 1 лажица + 1 лажиче), 2 лажици путер од кикирики, чоколадни топчиња, трошки или рендано чоколадо.




ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад ставете 1 јајце. Малку разматете го со жица за матење, па веднаш потоа додајте 100 г овесно брашно. Додајте и 60 г шеќер (а на крајот дегустирајте малку од смесата, пред да ставите на печење, во случај да ви недостасува повеќе шеќер).




Додајте 40 г незасладено какао, па лесно измешајте ги сувите состојки со жица/маталка. Додајте 125 мл јогурт, 20 мл масло, прашок за печиво, 100 мл млеко. Измешајте ги состојките во еднолична, течна и мазна смеса, а потоа дегустирајте.




Доколку смесата ви се допаѓа на вкус, излејте ја во правоаголен калап за печење и обложен со хартија за печење. Убаво измазнете ја смесата насекаде низ калапот. Овој колач вообичаено се подготвува во калап со средна големина, за да излезе подебел.




Потоа одозгора излејте 2 лажици путер од кикирики како ситни топчиња или излејте го во голема лента со помош на кујнски шприц. Наросете и чоколадни трошки или топчиња одозгора, па вклучете ја рерната да се загрее на 180 степени.




Колачот се пече околу 30-тина минути, но сепак тоа зависи од големината на калапот во која го печете колачот. Проверувајте го повремено додека се пече, а на крајот, вматрешноста проверете ја со кујнска чепкалка. Колачот може веднаш да се јаде или да се остави малку да се излади. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

Претходна статијаЌЕ ЈА ПРАВИТЕ СЕКОЈ ДЕН: Зебра торта без печење и валкање на многу садови, многу вкусна и едноставна
Следна статијаЛАДНА САЛАТА ВО ТЕГЛА: Одличен прилог за посните трпези, нема повкусна