„КАТ КАТ“ ПЕЧИВА: Многу повкусни и слоевити, помеки од оние што се продаваат во пекарите…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (чаша од 200 мл):
1 чаша топло млеко (200 мл)
3 лажици масло
2 лажици шеќер
1 лажица сув квасец
1 чаша кисело млеко/к.павлака/цврст јогурт
2 белки на собна температура
1,5 лажички сол
4,5 – 5 чаши брашно
За премачкување на тестото:
60 г растопен путер
100-120 мл масло
За фил:
рендан кашкавал (или фил по вкус)
За премачкување на печивата:
жолчки
ПОСТАПКА:
1.Измешајте млеко, масло, шеќер и квасец. Додајте цврст јогурт и белки и продолжете со мешањето.
Додајте брашно и сол малку по малку и замесете средно тврдо тесто кое не се лепи за рака. Месете најмалку 5 минути.
2.Покријте го и оставете го да отстои 20 минути. Потоа премесете го и поделете го на 4 топчиња. Земете го првото топче и развлечете го во што поголема и потенка кора. На ист начин развлечете го и второто тесто.
3.Премачкајте ја едната кора со маснотија (мешавина од растопен путер и масло). Поклопете ја со втората кора и спојте ги краевите. Премачкјате ја и втората кора со маснотија, па свиткајте ролат од двете кори. Долгиот ролат пресечете го на два дела.
4.На ист начин подгответе ги другите две теста, свиткајте ролат, па пресечете го на половина. На крај ќе добиете 4 ролати. Завиткајте ги со стреч фолија и оставете ги во фрижидер 30 минути.
5.Отстојатните ролати исечете ги на парчиња широки 3 прста. Сплоснете ги со рака и дополнително со оклагија раширете ги. Во средината ставете рендан кашкавал и преклопете ги на половина, како полумесечина. Со прстите затворете ги краевите.
6.Погачиците наредете ги на плех обложен со хартија за печење или само намастен.
Оставете ги да одморат 10-тина минути додека се загрева рерната, па премачкјате ги со разматени жолчки во кои сте додале малку млеко или масло.
7.Печете ги во загреана рерна на 190 степени, половина час. Постапката погледнете ја ОВДЕ.