Кашар-пита со колбаси…Многу вкусно јадење за ручек или вечера…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл):

1 чаша топло млеко
1 чаша топла вода
1 лажица шеќер
1 кесичка инстант квасец
1 лажичка сол
1 белка од јајце
4,5 чаши брашно

За фил:
колбаси
рендан кашкавал/чедар
1 жолчка од јајце
омекнат путер

ПОСТАПКА:

1.Се мешаат топло млеко, топла вода, шеќер и квасец. Се додава и белката и повторно се меша.

2.Додавајте брашно малку по малку, посолете и замесете малку лепливо тесто.

3.Јас го месев барем 6-7 минути, колку повеќе го месиме толку подобро ќе биде. Покријте го подготвеното тесто и оставете го да отстои околу 45 минути.

4.Потоа, премесете го малку и поделете го на 6 парчиња. Покријте ги топчињата со чиста крпа и оставете ги да одморат 10 минути.

5.Одморените топчиња развлечете ги по должина. Долгнавестото тесто ставете го на плех обложен со хартија за печење.

6. Рабовите се малку свиткани навнатре, а краевите се изострени. Покријте го и оставете го вака да отстои 15 минути, а потоа премачкјате го со омекнат путер.

7.Распоредете кашкавал и колбаси, а рабовите премачкјате ги со жолчка.

8.Печете ги питите во загреана рерна на 200 степени. Повторно нанесете путер на рабовите на питите штом ги извадите од рерната. Постапката погледнете ја ОВДЕ.