Докажано е дека овој зеленчук освен што е хранлив, може да го прочисти организмот и да го зајакне имунитетот, а многу е ефикасен и кога станува збор за превенција од рак и стопирање на растот на ту-морските клетки.

Карфиолот е зеленчук кој припаѓа на фамилијата зелкари, а оваа билка во последно време го привлече вниманието на истражувачите поради своите лековити својства во борбата против разни болести, вклучително и ту-мори на бели дробови, дебело црево, дојки, мочен меур и кан-цер на јајници.

Антиоксидантните својства на карфиолот се важна тема на современите истражувања. Хранливите материи на овој зеленчук се богати со антиоксиданти и токму тие помагаат во намалување на ризикот од рак, така што ја зголемуваат активноста на ензимите кои се вклучени во детоксикација на кан-це-рогените материи.

Карфиолот е богат со витамин Ц кој може да спречи појава на ра-к токму поради големото присуство на антиоксиданти. Исто така, содржи и голема количина на магнезиум кој е важен во оксидоредуктивните механизми на нашето тело.

Магнезиумот е доволно силен за да го сочува нашето тело од оксидативен стрес, со што се спречува ра-кот. Покрај тоа, овој зеленчук го лекува и нестабилниот кр-вен притисок, остеопороза, синуситис, а помага и кај тегоби предизвикани од мозочен у-дар, дијабетес, егзема и други кожни заболувања.

Без разлика дали ќе го јадете сиров или зготвен, како салата или лесно главно јадење, тој ќе ви помогне да се ослободите од несоницата и да закрепнете после непроспиената ноќ.

Покрај антиоксидаитивното дејство, карфиолот игра голема улога и како чистач на организмот од штетните материи создадени поради лоша и нездрава исхрана и дејството на загадената животна средина и зрачењето.

ЧУВАР НА СРЦЕТО и на кр-вните садови. Поради големата количина на витамин Ц (во 100 г свеж карфиол се содржат 80% од дневната препорачана доза) и фолна киселина, делува превентивно против појава на ср-цеви болести.

Помага во редукција на хомоцистеин во кр-вта, а се смета дека зголеменото ниво на хомоцистеин во кр-вта е пори-зично по здравјето на кардиоваскуларниот систем дури и од холестеролот.

Одличен е во превенција на ревматски заболувања и развој на мултипла склероза. Помага кај тегоби предизвикани од алергија, астма или инфекции на респираторниот тракт. Благотворно делува кај настинки и грип. Се покажал како одличен сојузник во бор-бата против вос-паление на непца, болести на забите, усната шуплина и ждрелото.

Нутриционистите го препорачуваат како задолжителна намирница на менито на жените кои влегуваат во менопауза, како и на припадниците на посилниот пол кои имаат проблем со простата.

Иако спаѓа во зеленчук кој го подобрува апетитот, сепак им се препорачува на сите кои се борат со вишок килограми, бидејќи има многу ниска калорична вредност. Од сите хранливи состојки најмногу содржи вода.

I РЕЦЕПТ – ПОСНА СУПА ОД КАРФИОЛ. Потребни состојки: 1 главица карфиол со средна величина, 3 моркови, 1 корен од целер, 1 корен од магдонос, 1 помала главица кромид, сув зеленчуков зачин и сол по вкус, фиде за супа.

Постапка: тенџере со вода ставете на оган, па кога ќе зоврие додадете корен од пашканат, целер и магдонос. После 20 минути додадете морков исечен на тркалца и цела главица излупен кромид. После 10 минути додадете го карфиолот исечкан на цветчиња.

Додадете лажица сув зачин и оставете да се готви на тивок оган додека карфиолот да омекне. За тоа време и коренестиот зеленчук ќе се свари. Извадете ги целите корења како и кромидот, па во супата додадете фиде и исклучете го огнот. Оставете го тенџерето уште малку додека ринглата е топла за да се омекнат и тестенините. По потреба посолете.

II РЕЦЕПТ – ЧОРБА СО КАРФИОЛ И ЛУК. Потребни состојки: 1 помала главица карфиол, 1 главица кромид, 1 поголем компир, 1 литар бистра супа од зеленчук или коцка, 1 главица лук, 1 лажичка куркума, сол, црн пипер, магдонос.

Постапка: Од главицата лук исечете го само врвот, така да се гледаат чешнињата. Завиткајте го во фолија и печете во рерна околу половина час на умерена температура, па оставете да се олади. Кромидот исечкајте го и пропржете го на масло додека да застакли.

Измијте го карфиолот, па исечкајте го на цветчиња. Додадете го во кромидот и продолжете со пржење, па додадете ја куркумата. Компирот излупете го и исечкајте го на коцкички, па и нив додадете ги во карфиолот. Динстајте со малку вода околу 10-тина минути.

Целата главица лук истиснете го така да излезе целиот мек дел од внатрешноста. Додадете го во карфиолот. Оставете ја чорбичката да врие 15-тина минути, а потоа со рачен миксер изблендирајте ја за да добиете каша. Додадете сол и црн пипер, па послужете декорирано со свеж магдонос.

III РЕЦЕПТ – ЗАПЕЧЕН КАРФИОЛ. Потребни состојки: карфиол, кромид, домати, кашкавал, а од зачини: магдонос, босилек, сол и црн пипер. Пропржете го сечканиот кромид на маслиново масло, па кога ќе се карамелизира, додадете го карфиолот исечкан на цветчиња.

Додадете еден домат претходно ситно исечкан, а потоа додадете ги и останатите зачини. Кога карфилот убаво ќе го запржете, додадете го во претходно загреана рерна, а потоа изрендајте кашкавал и запечете го околу 30 минути. Кога кашкавалот убаво ќе се растопи, јадењето е готово.