Не можев да одолеам а да не го прашам како мирно го толерира арогантното однесување на ќерките и како мисли да се справи со нив.

Мојот пријател рано ја изгуби сопругата и стана самохран татко на две девојчиња. Тие беа добри деца, додека не дојдоа во пубертет. Тогаш станаа вообразени, амбициозни, бараа сè и сешто од својот татко и не даваа ништо за возврат.

Бараа скапа облека, луксузни телефони, сè што посакува секој тинејџер. Тој можеше сето тоа да им го обезбеди, но во еден момент однесувањето на девојките го наведе да им одземе сè.

Бевме кај нив на вечера и мојот пријател готвеше, но немаше време да ги измие садовите и да ја среди куќата. Кога завршија со јадењето ги праша ќерките: Девојки, сè е во хаос, можете ли малку да зачистите? И вашите соби се хаос.

Зошто ни заповедаш? Немаш право да не тераш да правиме нешто што не сакаме, законот вели дека сами одлучуваме – рекоа арогантно, речиси едногласно и излегоа треснувајќи ја вратата.

Пријателот само тивко гледаше во нивната врата неколку моменти, а потоа се сврти и продолжи да разговара со нас како ништо да не се случило. Искрено, многу ми беше жал за него, зоврев од гнев и размислував која би била најдобрата казна за овие вообразени девојки, кога би била нивен родител.

Го гледав мојот пријател и се чинеше дека целосно заборави што се случи. Седевме кај него уште неколку часа, а девојките веќе не излегоа од собата. Се понудив да ги измијам садовите, но тој учтиво одби и рече дека нема потреба.

После неколку дена пиевме кафе и не можев да одолеам а да не го прашам како мирно го поднесува арогантното однесување на ќерките и како мисли дека да се справи со нив.

Тој се насмевна и рече: За два дена тие целосно се сменија. Сега куќата никогаш не била почиста, и почнаа да и готват по нешто.

Го прашав Како?, искрено и воопшто не верувајќи дека е вистина. Тој одговори:

„Таа вечер чекав да заспијат, па влегов во собата, им ги зедов лаптопите и мобилните телефони, новите патики, јакни и чанти, ги спакував во кеса и ги сокрив во багажникот на автомобилот.

Ги оставив садовите и нередот во куќата уште полош отколку што беше, па оставив белешка на парче хартија на масата на една од ќерките:

„Според законот не сте обврзани да имате лаптоп. Ако ви треба за учење, одете во училишната библиотека. Според законот не мора да имате модерен телефон, не мора воопшто да имате телефон.

Според законот морам да ве облечам, но не во најскапа облека. Најдете каде сте ги фрлиле старите јакни и патики, знам дека сето тоа е недопрено. Не ми е гаjле дали е модерно. Ве бакнyва и ве cака тато, според законот“.

Сега зјапав во него како што тој пред некоја вечер гледаше во вратата.

Тој продолжи да ми објаснува дека тој ден се вратил дома од работа за прв пат во уредна куќа, ги нашол креветите наместени, неговите работи испеглани, сè било совршено.

Свесен е дека тоа го направиле за да им ги врати телефоните, компјутерите и облеката, но не му е баш гајле. Тој верува дека ја научиле лекцијата дека ако сакаш да добиеш нешто, мора да дадеш нешто.

Што би рекол тој: Според законот.

За повеќе интересни содржини заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „Знам дека се тешки, бидете упорни – моите деца вака ги доведов во ред, овие правила се најважни“: Најпознатиот психолог на светот објасни за воспитувањето деца“ – ОВДЕ.

„Знам дека се тешки, бидете упорни – моите деца вака ги доведов во ред, овие правила се најважни“: Најпознатиот психолог на светот објасни за воспитувањето деца