Како сопруга на пекар, ви препорачувам да не го пропуштите овој рецепт за пита со месо…или со кашкавал/сирење.Сигурна сум дека и вам ќе ви се допадне многу. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (чаша од 200 мл):
За тесто:
1 лажичка шеќер
1.5 лажичка сув квасец
1.5 чаши топла вода (300 мл)
1 лажица масло
1 лажичка сол
брашно по ппотреба (4.5 чаши)
За фил:
250 г мелено месо
1 главица кромид
4-5 мали домати
2 тенки зелени пиперки
малку магдонос
сол, црн пипер
1 лажичка доматно пире
1-2 лажици масло
За фил со кашкавал/сирење:
рендан кашкавал/урда/по ваш избор (1 чинија)
1 јајце
малку магдонос
малку путер за премачкување после печењето
Се пече во многу добро загреана рерна на 220 степени, 20-25 минути
ПОСТАПКА:
1.Растворете го квасецот со млака вода и шеќер. Започнете постепено да додавате брашно и сол, па замесете меко нелепливо тесто. Домесете со малку масло. Оставете го покриено на топло да стасува додека убаво да го зголеми волуменот.
2.Зеленчукот изблендирајте го, а потоа додајте го меленото месо и заедно уште кратко измиксајте ги на неколку „пулса“ за да се соединат. Додајте малку масло и промешајте.
3.Стасаното тесто кратко премесете го и поделете го на 10 топчиња. Тестото е меко и сосем малку лепливо, па користете по малку брашно колку што е непходно.
4.Земете едно топче и развлечете го во кора со овална форма, па уште малку издолжете го со рацете.
5.Врз кората нанесете фил, па преклопете ги краевите (најпрво на двата краја за да обликувате ости шпицови) за да не ситекува при печењето. Ако има вишок тесто на краевите можете да го отстраните.
6.На ист начин подгответе ги и питите со сирење или кашкавал. Или фил од ситно сечкано пилешко месо со мешан зеленчук, или фил по ваш избор.
7.Подготвените пити наредете ги во плех обложен со хартија за печење и оставете да одморат додека се загрева рерната.
8.Печете ги во добро загреанат рерна на 220 степени додека да заруменат, 20-25 минути.
Штом и извадите од рерна краевите од тестото веднаш премачкајте ги со растопен путер. Постапката погледнете ја ОВДЕ.