Ова се одлични и многу вкусни закуски/пирошки од само три состојки, а се приготвуваат на многу брз и едноставен начин, готови се за неколку минути. Потребна ви е неутрална течна павлака, брашно и малку сол.

Потребни состојки:

200 г неутрална павлака за готвење
2 чаши (од 200 мл) брашно +-
1 лажичка сол или по вкус
фил по вкус: мелено месо, сирење…

Постапка:

Промешајте ги состојките и убаво соедините ги со рака, додека да добиете нелепливо тесто. Тестото е меко, тешко, но не се лепи на рацете.

Тестото малку развлечете го рака, а потоа со помош на оклагија развлечете тенка правоаголна кора. Исечете квадрати, а потоа филувајте ги со по една-две лажици фил. Преклопете и залепете ги убаво краевите од кората за да не излегува филот.

Вака приготвените пирошки пржете ги на умерен оган, во нелеплива тава претходно намачкана со малку маслиново масло, додека да заруменат од двете страни. Деталите погледнете ги во видеото: