Како на ефикасен начин да го исчистите душекот на кој спиете од дамки и лоша миризба

​Најчесто од телесните течности и покрај тоа што душекот го заштитуваме со чаршав, по извесен период на него се појавуваат темни дамки, особено ако дома имате мали деца.

Постои одлично решение за елиминирање на овие дамки и непријатни мириси од душекот, и тоа со помош на неколку состојки кои веќе ги имате во кујната.

Loading...

Потребни состојки:

250 мл 3% хидроген (можете да го купите во аптека)

3 супени лажици сода бикарбона

1-2 капки течен сапун или течен детргент за миење садови (без боја)

Смесата се приготвува непосредно пред употреба, бидејќи тогаш е максимално ефикасна. Значи, не правете залихи од овој препарат.

Постапка:

Измешајте ги хидрогенот и сода бикарбоната. Кога содата ќе се раствори, додадете 1-2 капки течен сапун или средство за садови. Измешајте па смесата префрлете ја во шише со распрскувач.

Протресете ја содржината и испрскајте врз валканите делови на душекот.

Оставете ја активната пена да делува. Почекајте да се исуши, вклучете фен или насочете вентилатор за да може побрзо да се исуши.

Потоа само исчеткајте со сува четка или искористете ја правосмукалката за да ги соберете остатоците од содата.

Со ова средство можете да го освежувате целиот душек.

Loading...