Медот како пчелин производ ни е познат како одличен избор во превенција на многу болести, додека какаото се смета за една од најхранливите намирници. Исклучително е богато со антиоксиданти.

Доволно е ако се каже дека има повеќе антиоксиданти од црното вино, боровинките, акаи бобинките и шипинката заедно. Изобилува со минерали и железо поради што се вбројува во првите бор-бени редови кога станува збор за анемијата.

Во комбинација со медот се користи какао сомелено во прав, најдобро е сировото, органско какао. Како и кај другите намирници, на пазарот може да се најде какао со подобар и со полош квалитет.

Затоа секогаш обратете внимание на земјата на потекло, како и на произведувачот. Квалитетното, органско какао, секогаш е побогато со антиоксиданти, а оттаму и поздраво.

Истото важи и за медот: снабдувајте се од проверен пчелар, кој медот го произведува од еколошки незагадена околина. Промешајте ги двете состојки во однос 1:1 (една лажичка какао во прав и една лажичка мед, мешајте додека да добиете хомогена смесата.

Секое утро јадете по една лажичка од оваа мешавина. Топете ја полека во устата за да започне дигестирањето уште со пшлунковните ензими и на тој начин полесно и побрзо да се апсорбира во кр-вотокот.

Оваа мешавина од какао и мед може да се користи секојдневно и доколку немате никаков проблем, за подобрување на општото здравје и како превенција. Најдоброто од сè е тоа што е премногу вкусно!

Експертите го вбројуваат какаото во таканаречената „суперхрана”, а исто така, тврдат дека има трипати поголемо дејство врз организмот од зелениот или црниот чај, за кои знаеме дека се најпознатите антиоксиданти напитоци.

Какаото како билка е позната по тоа што го штити организмот од слободните радикали (главните причинители за појава на рак), го намалува ст.ресот и деп-ресијата, штити од болести на срцето и кр-вните садови, како и од многу видови кан-цер. Но, најпознато е по тоа што е одличен извор на железо.

КАКАО ЗА АНЕМИЈА

Какото има најголем процент на железо и се препорачува како лек за анемија. Значи, доколку имате проблем со анемијата, внесете го во својата исхрана како топол напиток (се вари исто како кафето) или во мешавина со мед.

Помешајте една лажичка какао во прав и една лажичка мед, изедначете ја смесата, така што ќе добиете смеса која по вкусот многу наликува на нутелата, особено ако додадете и половина лажичка мелен лешник. Се јаде секое утро на празен стомак.

Какаото е богато со железо, витамин Ц, бакар и манган – многу значајни за активацијата на железото во организмот и лекувањето на анемијата. Железото влегува во состав на хемоглобинот кој е одговорен за транспорт на кислородот преку кр-вта до сите клетки.

Освен тоа: какаото има антиоксидативно дејство; спречува кардиоваскуларни болести; го подобрува памтењето и концентрацијата; лек против ст-рес и деп-ресија: лек против анемија: го регулира нивото на холестерол во кр-вта; го намалува високиот кр-вен притисок;

Оваа мешавина од какао и мед го подобрува рас-положението (влијае врз лачењето на ендорфин, серотонин и допамин главните „хормони на среќата“); има диуретско дејство; ја подобрува циркулацијата; антикан-церогено дејство;

Поради изобилството на антиоксиданти, оваа комбинација има својство да го успорува стареењето, ја негува и ја штити кожата и косата, делува како аф-родизијак; ја подига енергијата; поттикнува сла-беење.