Фин колач кој потсетува на „чупавците“. Рецептот е од книгата „Моите најдобри колачи“ со таа разлика што овде се намалени количините за помал калап.

Потребни состојки за тесто: 4 јајца, 12 лажици шеќер, 100 мл масло, 100 мл млеко, 12 лажици брашно, 1 прашок за печиво, 2 лажици какао, 1 лажица млеко

За крем: 500 мл млеко, 3 лажици брашно, 100 г кокосово брашно и 10 лажици шеќер. За чоколадна глазура: 100 г чоколадо за готвење, 80 г маргарин, 2 лажици млеко, кокос во прав за наросување одозгора

Постапка: Измиксајте ги сите состојки наведени за тестото (освен млекото и какаото) и поделете ги на два дела. Во едната половина додајте ги какаото и млекото (може да ги промешате во помал сад, но не мора, може директно да ги ставите во смесата).

Истурете го темниот дел од тестото во претходно подготвен плех или калап за печење (25 × 35 см), малку намастен и наросен со брашно, па ставете во загреана рерна на 180 степени и печете кратко колку да се фати коричка (околу 10-тина минути).

Во меѓувреме, веднаш ставете го млекото да зоврие заедно со шеќерот, брашно и кокосово брашно. Сварете го кремот исто како што се вари пудинг. Мешајте додека да зоврие и згусне.

Извадете го кафеавиот дел од тестото од рерната, кој е веќе малку испечен, па рамномерно врз него распоредете го кремот и израмнете. Врз кремот распоредете го белиот дел од тестото (излевајте директно од тенџерето во вид на ленти за да биде рамномерно.

Вратете го во рерна да допече додека да биде готово. На крај пригответе ја чоколадната глазура и прелијте ја врз печениот колач. Почекајте малку да се подизлади, па одозгора наросете кокосово брашно.

Изладете го колачот и сечете го на помали коцки. Колачот се чува во фрижидер. СОВЕТ: Пред да ја нанесете чоколадната глазура, штом го извадите печениот колач може да го прелиеѕе со 100-150 мл млеко, ако го сакате посочен.

Сите кои ги сакаат „чупавците“ и колачите со кокос ќе бидат воодушевени од овој колач. Брзо и лесно, пробајте! / Сооlinarika.com / Масатера