За да направите свој домашен квасец, ви откриваме неколку рецепти. Во екот на корона вирусот голем број луѓе започнаат да купуваат големи количини на масло, брашно и квасец.

Како и во другите земји има моменти кога рафтовите целосно се испразнети, па доколку и вие сте едни од оние кои не успеале да пронајдат квасец, можете да ги погледнете овие рецепти и сами да си направите квасец според некој од нив.

Со оглед на тоа што сега е најсигурно за вас и околината да останете дома, идеално е за правење на леб и тесто за своето семејство, без излегување до продавница.

КВАСЕЦ ОД ОВОШЈЕ

Потребни состојки:

1 јаболко
750 г остро брашно
520 мл вода

Постапка:

Јаболкото пресечете го на половина, извадете ја срцевината со семките, па изрендајте го во еден сад. Половина кг брашно измешајте го со 350 мл вода, додадете го јаболко, па добро затворете ја во теглата. После три дена смесата ќе порасне и ќе се појават меурчиња. Половина од смесата фрлете ја (или подарете ја некому кој сака да прави квасец).

Во втората половина додадете 250 г брашно и 170 мл вода. Смесата затворете ја во теглата и оставете ја неколку денови на собна температура. Кога ќе се појават меурчиња, вашиот квасец е спремен за употреба.

За совршен леб потребни ви се 250 г квасец, а остатокот од смесата продолжете да ја одржувате со додавање на брашно и вода.

КВАСЕЦ ОД ЖИТАРИЦИ

Првиот ден измешајте 20 г брашно и 20 мл вода, да добиете хомогена смеса.

Вториот ден додадете уште 20 г брашно и 20 мл вода, па уште двапати во текот на денот добро промешајте ја смесата.

Третиот ден додадете уште 30 г брашно и 30 мл вода, па во текот на денот промешајте уште два до три пати.

Четвртиот ден отстранете половина од смесата, па повторете ја постапката од третиот ден. Тоа направете го петтиот и шестиот ден. Седмиот ден вашиот квасец е готов и спремен за употреба.

КВАСЕЦ ОД КОМПИР

Сварете еден компир во парчиња додека убаво да се свари. Исцедете го, но сочувајте ја водата од варењето. Во компирот додадете една лажичка сол и една лажичка шеќер. Оставете ја смесата да излади, па додадете една четвртина вода од варењето. Смесата оставете ја неколку денови да отстои.

КВАСЕЦ ОД ИНТЕГРАЛНО БРАШНО:

Потребни состојки:

200 г интегрално брашно
100 мл вода
1 лажичка мед или јаворов сируп

Постапка:

Измешајте 50 г интегрално пченично брашно и 100 мл топла вода. Додадете 1 лажичка мед или јачменов слад. Измешајте и складирајте во стаклена тегла. Прекријте со газа и оставете на топло место. Следниот ден промешајте и повторно прекрите. Третиот ден навечер кога ќе се појават меурчиња додадете 150 г брашно и 150 мл вода.

Добро промешајте и теглата повторно покријте ја. Четвртиот или петтиот ден смесата ќе биде спремна за приготвување на тестото.

Земете една шолја квас, а остатокот оставете го во стаклена тегла во фрижидер.