За разни дамки од храна подгответе универзално средство на база на оцет. За тоа ќе ви биде потребно четврт литар топла вода во која ќе додадете мала лажица прашок за перење и 60 милилитри бел оцет.

Измешајте ги состојките во пластично шише со распрскувач и добро протресете го. Прво дамката посипете ја со сода бикарбона и добро втријте ја. Оставете ја да отстои цела ноќ и наутро отстранете ја сода бикарбона со правосмукалка.

Потоа, дамката испрскајте ја со претходно подготвеното средство и истријте ја со влажен сунѓер.

Сок од лимон за дамки од кафе

Дамките од кафе или чај може да се исчистат со сок од лимон. Ткаенината натопете ја во сокот од лимон и оставете ја кратко да отстои, а потоа исперете ја во машина за алишта.

Пудрата брише мрсни дамки

Мрсните дамки на облеката можете да ги отстраните така што свежата дамка ќе ја посипете со пудра. Потоа, вообичаено исперете ја во машина за алишта.

Глицерин за чоколадо

Дамките од чоколадо лесно истријте ги со смеса од растителен глицерин и топла вода. Истријте ја облеката со чиста крпа натопена во млака вода. Постапката повторете ја толку пати колку што е потребно.

Како да отстраните дамки од крв?

Паста од густин

Дамките од крв најлесно ќе се отстранат доколку ткаенината ја натопите во ладна вода или паста која е подготвена од густин и вода.

Минерална вода

Против трагите од алкохол ќе се изборите со влажниот сунѓер натопен во минерална вода. Со него ќе ја впиете истурената течност.