Со добра организација и со помош на неколку совети, фрижидерот за кратко време ќе ви заблеска.

Знаете дека фрижидерот мора да го исчистите па психички се подготвувате за тој голем зафат.

Мора да пронајдете време и да се „натерате“ себеси за таа долготрајна работа. Но, нема потреба. Сега чистењето на фрижидерот ќе биде целосно безболен процес и ќе трае само 15 минути!

Експертот за чистење и организација Dona Smalin Kup разработи детален план, како да излезете на крај со ова, минута по минута – пишува Today. Вкупно 15 минути!

За една минута

Наполнете поголем сад со топла вода и малку детергент за миење садови. Водата не смее да биде врела бидејќи може да испукаат пластичните делови во фрижидерот –тврди Dona.

Додека се полни водата, исчистете го садоперот и површината блиску до фрижидерот за да имате каде да ги оставате работите, а ѓубрето да го привлечете поблиску до вас. Земете две крпи со микровлакна, една за чистење, една за бришење.

-Пред да ја отворите вратата од фрижидерот, бидете сигурни дека нема да го исчистите баш секој милиметар од фрижидерот, па затоа фрлете се на големите површини, порачува Dona.

За шест минути

Започнете со горната полица па фрлајте го ѓубрето што е расипано и што немате намера да го јадете. Ако се двоумите дали нешто треба да го фрлите или не, само тргнете го на страна, па подоцна ќе го вратите ако треба.

Празните садови ставајте ги во машина за перење. Сите работи од едната страна​префрлете ги на другата. Исчистете ја слободната страна од полицата и страничниот дел. Ако има некои тврдокорни дамки, натопете сунѓер со сапуница и оставете да делува додека вие чистите понатаму.

Избришете ја со сува крпа исчистената површина, па сите работи сега префрлете ги на чистиот дел. Повторете ја постапката и на другата страна од полицата. Продолжете на истиот начин со секоја од полиците.

За пет минути​

Извлечете ја фиоката за зеленчук. Се’ што не е расипано ставете го на страна, а се’ што е расипано фрлете го. Пребришете со крпа а преградата исперете ја. Вратете го зеленчукот и повторете го истото со другата фиока.

За две минути

Фрлете се’ што не е сигурно за јадење од преградите на вратата. Исчистете ги преградите однадвор со крпа, па потоа пребришете со сува.

Кога ќе ви се извалка мократа крпа, исперете ја. Немојте да ги чистите преградите со валкана крпа, бидејќи на тој начин само ќе ја разнесувате нечистотијата.

За една минута​

Затворете ја вратата од фрижидерот и пребришете со мокра крпа од надворешна страна, а особено местото околу рачката бидејќи тоа место најмногу се валка.

И тоа е тоа.