Како да направите повеќе видови ситни мали вкусни залаци – ладно предјадење – канапеи

Ситните мали залаци кои секогаш ги оставаат без здив сите оние пред кои ќе ги изнесете – тоа сигурно се канапеите. За некои варијанти од ова предјадење е потребно време за да се приготват, но некои се приготвуваат навистина доста брзо.

Подолу можете да прочитате неколку видови едноставни канапеи кај кои главно има мачкање и редење, виткање и прободување. Нема печење, освен ако сакате да правите домашни тортиљи.

Меѓутоа, за да не трошите време, можат да послужат и купечките тортиљи. Оваа количина која ќе ја добиете на крај, заедно со некоја царска пита, шпанска пита или некој солен ролат што сте го направиле еден ден претходно, е сосема доволна за било каква пригода.

На оваа фотографија можете да видите што сè е користено од продукти, кои секако може да бидат заменети и по ваш избор. Важно е да имате трпение и малку креативност, а резултатот излегува и повеќе од фантастичен.

Тост лебот е користен како подлога, исто како тортиљите. Наместо тост леб може да се користи багет или кифли. Од намази се користат павлака, сирен намаз со пиперка и обично крем сирење.

За месниот дел се користи шунка со правоаголна форма, но може и тркалезна, сендвич салама, прашка, чајни колбаси, пеперони.

Зелената салата е задолжителна, може да се употребат шери или обични домати, маслинки, перца од млад кромид. Од сирење користете тврдо кое лесно се сече и не се распаѓа, потоа уште ви се потребни мајонез, кисели краставички и неколку варени јајца.

ТОРТИЉИ

Премачкајте ја тортиљата со крем сирење или намазот кој сте го одбрале. Со нож за пица, кујнски ножици или остар ноќ исечете ја тортиљата на ленти со широчина од 2 см (одокативно), па на половина од секоја лента ставете сендвич салама (ако е голема пресечете ја на половина), на почетокот може да има маслинка, коцка кашкавал/сирење, домат, краставица или нешто по ваш избор.

Свиткајте ја лентата и прободете ја со шепкалка, а на почетокот или крајот додадете маслинка. За да оди работата побрзо, претходно исечкајте ги потребните материјали, па само виткајте, боцкајте и редете во чинија. Некои може да ги редите исправено, а некои легнато, некои со маслинка, некои со сирење…

ТОСТ ЛЕБ

Мачкајте ги лепчињата, редете парче краставица, па парче зелена салата, прободете со шепкалка маслинка или сирење, лист од шунка свиткајте како хармоника, па сè заедно набодете низ лебот, краставицата и салатата. Може да правите разни комбинации. Оставете неколку парчиња леб само со намаз, за подоцна сè што ќе ви остане вишок да го прободете на нив.

На даска за сечење наредете шунка во два реда, колку сакате. Нанесете тврд сирен намаз, зелена салата, перциња од млад кромис, па сèсвиткајте. Во средина може да се стават маслинки, јајца, салама, коцки тост…Мора да биде цврсто.

Ставете во фрижидер, па потоа сечете на тркалца. Ако се брзате и некаде погрешите па не ви излезе доволно цврсто, тогаш на секој круг ставете парче леб и прободете со чепкалка.

Domacirecepti.net

Loading...