Во овој рецепт е прикажан рецепт за најмеката лисната погача. Однадвор е крцкаца, а внатре е толку воздушеста и мека како пена, се топи во уста.

Мое да ја приготвите за било каков повод, па дури и само за вечера. Толку е вкусна што може да јаде и сама без ништо друго. Едноставно се приготвува и многу декоративно изгледа, сигурна сум дека ако ја пробате, ќе ја направите повторно.

Потребни состојки: 300 мл млеко, 200 мл вода, 1 лажица шеќер, 1 лажица сол, 10 г сув квасец, 50 мл масло, 900-1000 г брашно, 250 г путер или маргарин и 1 јајце

Постапка: Во млако млеко ставете го квасецот, шеќерот и една лажица брашно. Промешајте да нема грутчиња и оставете на топло место 10-тина минути за да се активира квасецот. Путерот или маргаринот веднаш ставете го во замрзнувач.

Во активираниот квасец додадете малку брашно и со жица или со рака измесете. Додадете вода, речиси целото масло (оставете малку за подоцна), сол и уште брашно, па повторно со жица или со рака добро замесете го тестото.

Добиеното тесто премачкјате го со преостанатото масло, покријте го и оставете го да стасува околу еден час. Стасаното тесто истресете го на набрашнета работна површина, наросете го со малку брашно и малку премесете го.

Поделете го на 5 делови, а секој дел формирајте го во топка. Ова правете го брзо за да не стврдне тестото. Ако случајно тестото ви стане жилаво, тогаш оставете го да одмори 10 минути за да се опушти.

Извадете го путерот од замрзнувач и поделете го на 6 делови. Еден дел тргнете на страна ќе ви биде потребен за подоцна. Сите 5 топчиња развлечете ги во кора со пречник 25-30 см.

Изрендајте по едно парче маргарин врз 4 кори (вкупно 4 парчиња), а корите редете ги една врз друга. Преклопете со петата кора и со дланките малку притиснете одозгора.

Наросете доста брашно под тестото и врз него, па со оклагија развлечете голема кора (погледни видео). Со петото парче путер премачкате ја целата кора и свиткајте ја во ролат. Отсечете ги краевите на ролатот (5-6 см – ќе бидат поставени на средишниот дел на погачата).

Со остар нож исечете го целиот ролат на парчиња со дебелина 1 см. Секое парче дополнително обликувајте го со рака.

Во калап со пречник 26 см (може и 28 или 30 см) претходно премачкан со ½ од шестината путер, редете ги сечените парчиња, така што секое следно парче малку ќе го поклопува претходното. Во средината поставете ги двата отсечени краеви и некои од најмалите кругови.

Оставете ја погачата покриена со крпа да отстои додека рерната се загрева на 200 степени. Растопете ја преостаната половина од шестината путер, оставете малку да подизлади, па додадете едно јајце и добро соединете. Со оваа смеса богато премачкајте ја погачата и ставете ја да се пече. По желба одозгора можете да наросете семки. Се пече околу 40 минути. Деталите од целата постапка можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ.