Светлите обувки се многу ефектни и особено актуелни во летниот период. Но, нивната мана е што многу брзо се валкаат. Сепак, со еден едноставен трик може многу брзо да се исперат без поголем проблем.

Средството е многу едноставно и лесно се приготвува, а многу успешно ќе ја врати првобитната белина на вашите омилени обувки.

За приготвување на ова средство ќе ви биде потребно:

-алкохолна киселина и

-сода бикарбона.

Користете во однос 1:1, на пример, половина чаша киселина и исто толку сода бикарбона.

Ставете ја содата во адекватен пластичен сад. Додадете киселина и промешајте. Ќе дојде до одредена реакција во вид на пенавење, но не грижете се, така треба. Затоа садот нека биде подлабок.

Со помош на стара четка за заби темелно обработете ја целата површина на обувките со приготвената смеса, и оставете да отстои половина час. Потоа добро исплакнете со ладна вода.

Платнетните обувки, на пример патики или стартки, после оваа процедура можете дополнително да ги исперете во машина за алишта, но не заборавете да ги ставите во специјална вреќичка и да го вклучите програмот наменет за тоа.

Вашите бели обувки ќе бидат како нови!