Едноставен колач со газирана вода и чоколадна глазура: има и вкус и мирис со кој ќе ве освои

Еден совет: гответе со срце и сакајте го она што го правите. Готвењето нека ви причинува задоволство, а тоа е главната состојка со која треба да се зачини секое јадење, торта, колач… и главниот услов за да бидете добар готвач а јадењата одлични!

Потребни состојки:

5 поголеми јајца
300 г шеќер
1 ванилин шеќер
1 прстофат сол
150 г мелени лешници
30 г какао
75 г чоколадо во прав или несквик или краш експрес
1 прашок за печиво
180 мл масло
180 мл газирана вода

За глазура:

100 г чоколадо
15 г маргарин / путер
50 г печени, сечкани лешници

Постапка:

Рерната загрејте ја на 175 степени. Намастете со путер еден долгнавест калап за леб, бр.30 со волумен од околу 2,5 литри, а потоа наросете го со презла.

Со миксер изматете: јајца, ванилин шеќер, шеќер и прстофат сол. Матете околу 8 минути.

Сувите состојки: мелени лешници, брашно, прашок за печиво, какаото и чоколадото во прав, па постепено додавајте во изматената смеса од јајца.

На крај, прво постепено додавајте масло, па кога ќе се измати додавајте газирана вода. Па полека изматете со миксер. Смесата ќе биде течна и ретка, така треба да биде.

Смесата излејте ја во приготвениот калап, и ставете да се пече, а рерната намалете ја на 150 степени и печете околу 1 час, додека да зарумени (или пробајте со чепкалка).

Колачот веднаш превртете го на решетка и оставете да излади околу 20 минути.

За глазура: чоколадото растопете го на пареа, па додадете путер и убаво промешајте па излејте врз колачот. Лешниците истостирајте ги, испржете ги малку на сува тава, па дробени наросете ги одозгора, 10 минути откако сте ја нанеле глазурата.

Колачот изладете го, сечете на парчиња и сервирајте го со малку изматена слатка павлака/шлаг.

Претходна статијаМакедонија изобилува со лековити билки – ги имаме и во дворовите: еве што лечат
Следна статијаКако да им ја вратите белината на патиките и другите обувки