Calcar calcanei или попознат кај народот – петен трн настанува поради долготрајна иритација и притисок на петата. Притоа доаѓа да нерамнотежа на калциумот во петната коска од долната страна и негово неправилно таложење.

Се јавува во облик на мал коскен израсток или како група од неправилни израстоци, наречени калканеуми.

Поради долготраен притисок и иритација, ткивото кое ја штити петата и клетките кои ги формираат коските, започнуваат да го складиштат калциумот на проблематичното место, создавајќи петен трн. Овој процес трае долго, неколку месеци, а проследен е со болка, опишана како “убод со нож” во петата.

Долгорочно, ова може да предизвика проблеми со нозете, а последично и болка во грбот. Во зависност од тоа дали болката е интензивна или не, се јавуваат три фази на стадиум на петниот трн:

акутна фаза (најинтензивна болка, се јавува нагло и потребно е мирување и ладни облози);
субакутна фаза (болка со помал интензитет која се јавува после долготрајно мирување, особено наутро после спиење или после долго седење);
хронична фаза (се развива постепено поради неадекватна терапија или нелекување).

Меѓутоа, честопати се случува симптомите да изостанат, а да се забележи петниот трн случајно на рендгенска снимка. Причина за ова е обликот на новонастанатата коска која не е остра ниту шпицеста.

Болката всушност произлегува од воспаленото ткиво околу петниот трн кое расте создавајќи облик на заштитно перниче. Со тоа се намалува просторот за нормално функционирање на тетивите, нервите и лигаментите, особено при зголемено производство на калциум.

Се препорачуваат носење на ортопедски влошки од 6 месеци до една година за да ја намалат болката и да го олеснат ослонот при одењето. Исто така, се препорачуваат масажи и вежби за мускулите на стапалото и целата нога, како и терапија со радијални ударни бранови.

Познати се и природните облози кои им помогнале на многу луѓе, особено облогата од мед и сол. Иста количина од двете состојки се промешува, а смесата се обложува на петата и се фиксира со фолија. Се остава да делува преку цела ноќ, а се повторува секојдневно во подолг период, додека да исчезнат симптомите.

Билкарот Мартин Најдовски има решение и за овој проблем, па подлу можете да го прочитате неговиот метод, кој е доста едноставен, но бара упорност. Доколку имате било какви прашања можете да го прашате на неговата страница Лилма.

Пишува Мартин Најдовски: Лек за петен трн, петен шилец

-Еден леѓен наполнете го со максимално жешка вода колку што може да ја издржите без да се изгорите. Во водата ставете една полна рака пепел, не е важно од кое дрво горена, важно да е пепел. Стапалото оставете го да кисне во водата со пепел колку што можете да издржите, односно 15 до 20 мин.

Ако е премногу жешко и не можете да издржите толку долго, може да се прави пауза од по 1 до 2 секунди (да ја вадите на кратко ногата и повторно да ја враќате во топлата вода). За 15 до 21 ден шилецот во петата ќе се стопи. Ако не се стопи до 21 ден, се прави пауза од 1 недела и се повторува по потреба – вели Најдовски.