Како да го “избркате” несаканиот гостин кој заседнува

На секој гостин три дена му се доволно, па и премногу. Да се биде добар домаќин и организатор на слава за пријателите и фамилијата може да биде прекрасно, но некогаш и горчливо искуство, бидејќи понекои гости едноставно им се “уарнува” и не сакаат да си одат, па целиот момент ќе ви го претворат во кошмар.

Истото важи и за посетителите кои ненајавено “упаѓаат на забава”. Ако сте премногу пристојни и не можете да ги одбиете и да им затворите врата пред нос, како да се ослободите од нив, а да не излезете безобразни?

Агнес Ана Јарошч, директорка на Германското здружение за бонтон, советува јасно да им се даде до знаење дека забавата се приближува кон крајот.

“Можете да им понудите еден пијалак “за по пат”, а со тоа да им сугерирате дека треба да станат и да си одат, советува таа.

Помага и говор во перфект, на пример “вечерва беше забавно”. Прифатлив е и суптилно да се каже “зар веќе дошло толку часот?”

Јарошч советува и прецизност при испраќањето на поканата. На пример: Забавата започнува во 18 часот, но нема да трае цела ноќ бидејќи мора да станеме рано наутро. Тоа на вашите гости им дава еден вид насока, објаснува Jарошч.

Експертката за бонтон знае дека на луѓето е тешко да им се постават ограничувања. Но ги повикува во својата грижа за гостите, да не заборават да мислат и на себеси.

“Нашето традиционално сфаќање за пристојност ги става домаќините во втор план. Но, со тоа си штетиме сами себеси.”

Јарошч додуша советува да се одбегнуваат лажни извинувања.

“Ситните лаги не ни помагаат. Тие само ги влошуваат работите. Подобро е да бидете отворени”.

Народни верувања:

За да си одат побрзо гостите ставете им сол во чевлите, или под столиците на кои седат.

Loading...