Ова секогаш го приготвувам кога немам многу време, а домашните најмногу го сакаат.

Потребни состојки: 10-тина парчиња сув леб, 100 г кајмак, 1 јајце, 1 лажица сирење, 200 мл млеко, 100 г кулен, 300 г моцарела, кечап по вкус, оригано, сол, црн пипер

Постапка: Тепсијата намастете ја со масло или путер, па наредете ги парчињата леб, така да нема празен простор помеѓу нив.

Во еден сад разматете го јајцето со кајмакот, млекото, дробеното сирење и сол по вкус.

Убаво изматете и прелијте преку лебот. Наредете кругови кулен или шунка или нешто по ваш вкус, а одозгора подебели парчиња моцарела (или рендан кашкавал за пици).

Одозгора наросете со оригано и црн пипер, па ишарајте со кечап.

Одозгора наросете оригано, босилек, црн пипер… Оставете го лебот половина час да ги впие состојките, па печете го во загреана рерна на 220 степени околу 20 минути.