Професорот и доктор Несторовиќ во едно гостување на ТВ изјави дека антибиотиците ништо не лекуваат, наместо нив треба да се земе лук, прополис и оригано!

Денес, антибиотиците се земаат по навика – ајде ќе земам, зошто да не, што е сигурно, сигурно е. Ние во својот начин на живеење создадовме болести кои порано ги немаше. Тоа се воспалителни болести на цревата како Кронова болест и улцерозен колитис.

Овие болести се создадоа затоа што станавме премногу чисти. Додека имавме инфекции, додека бевме валкани, имавме и природни стимуланси на нашиот имун систем и тогаш бевме здрави – вели професорот Бранимир Несторовиќ, началник на Одделението за пулмологија во Белградската болница.

“И тогаш почнавме да се тушираме со антибактериски сапуни..Полудувам кога ќе ги видам тие бактерицидни сапуни. Тие сапуни се будалаштина од последен вид. Велат – убивале 99% од бактериите. А што ги убива? Најголемиот број бактерии на светот воопшто не се заинтересирани за нас.

Внимавајте, имаме 440.000 досега познати видови бактерии. Од нив само некои се интересираат за нас, бидејќи ние сме безначајни. Во вкупната биомаса на Земјата ние сме безначајни. Ние сами на себеси си изгледаме важни, ама бактериите се занимаваат со некои други работи. Ние на нив не сме им интересни и тоа е добро. Нас не напаѓаат само мал број бактерии” – вели д-р Несторовиќ.

Тој вели дека кога луѓето станале чисти и имуни, кога станува збор за тие бактерии, но сега нема стимулуси, нема антигени.

“И имуниот систем сега се врти кон сопствените клетки, на пример на клетките од цревата или мускулите. Тоа е таканаречена молекуларна мимикрија. И ние знаеме дека таа теорија е точна, бидејќи на пример, пациентите со кронова болест кога ќе добијат глисти, нивната здравствена состојба се поправа.

Суштински, тоа се болести кои ние сами си ги направивме. Секоја тура антибиотици е многу ако не е потребна. Ако вие лекувате некоја специфична инфекција, секако дека спасувате живот. Но денес антибиотиците се земаат по навика – ајде да ги земап, зошто па да не. Тие ги уништуваат бактериите, но сличноста на нашите и бактериските клетки е многу слична. Да верувате дека антибиотиците не се штетни е потполно смешно.

Имате 20.000 синтетски антибиотици а се користат само стотина бидејќи останатите се смртоносни за нас” – вели д-р Несторовиќ и додава:

“Антибиотиците ништо не лекуваат. Јас кога ова им го велам на моите стиденти и специјализанти ме гледаат бело. Ако немате бели крвни зрнца – вие ќе умрете…Пациентите кои немаат леукоцити може да им дадете било каков антибиотик, тие сепак ќе умрат. Антибиотиците само ги притајуваат бактериите, тие го успоруваат нивното размножување. Без нашиот имунолошки систем – нема ништо.

Вие кога по 4. или 5. Пат земате антибиотици, тогаш доаѓа до пореметување на белите крвни зрнца. Антибиотиците се нужно зло”.

Доктор Несторовиќ смета дека ние имаме купишта природни антибиотици, но дека слабо ги користиме.

Лукот на пример…Алицинот од лукот е еден од најсилните антибиотици кои го имаме. Прополисот е една извонредна работа која во себе содржи 64 природни антибиотици и нема бактерии кои се резистентни на него.

Антибиотиците треба да ги користиме за она за што се наменети, а тоа се за бактериски инфекции. Во педијатријата тоа се од 2 до 4% инфекции, а сето останато се вируси.

Респираторните инфекции се болести кои произлегуваат сами од себе. Гнојната ангина поминува сама од себе лекувана или нелекувана.

Повеќето лекари и пациенти мислат дека ако земат антибиотик ќе спречат компликации. Е тоа не е точно. Би било супер – имате кивавица, земате антибиотик и не добивате воспаление на бели дробови. Никој тогаш не би имал воспаление на бели дробови, ама тоа не иде така.

Постои само една болест каде превентивно вреди да се дава антибиотик, а тоа е грипот. Тука може да се даде антибиотик, бидејќи тогаш шансите за добивање на воспаление се намалуваат за 25%” – вели д-р Несторовиќ.

Тој напоменува дека ги разбира родителите кои сакаат детето што поскоро да им оздрави и да не дојде до компликации.

“И лекарите ги плашат по принцип ако не го земеш ова може да се случи ова и она. Интересно беше испитувањето во Хрватска меѓу лекарите на прашањето зошто препишавте антибиотик. Првиот одговор беше: ”Ако не го препишам јас, ќе го препише друг колега и ќе ме оговара”. А вториот одговор беше: “Оваа мајка е многу загрижена, ќе има компликации ако не препишам”.

И двете причини не се медицински. Сите зачински билки се антибиотици. Ориганото го користиме кај тешки пациенти со силни воспалителни болести на белите дробови, бидејќи ги убива патогените бактерии.

Зачинските билки луѓето започнале да ги користат бидејќи немале фрижидери, па забележале дека со помош на зачинските билки месото подолго се одржува без расипување. Црниот пипер е силен антибиотик” – вели тој и заклучува:

“Нашиот главен проблем е недвижењето и зголемениот стрес. Човековиот живот е постојана борба, нема депресија, бидејќи таа води во болест.”