Надуеноста и гасовите се проблеми со кои многумина се соочуваат и исклучително се непријатни. Сепак, тоа не е нерешлив проблем, а гастроентерологот д-р Воислав Перишиќ за К1 откри која е причината за надуеност во 75 проценти од случаите!

Гасовите во цревата во 75 проценти од случаите се резултат на ферментација на храната. Ферментираат јаглехидрати кои не се скробни, а тоа се нескробни ферментабилни јаглехидрати, кои ако се недоволно сварени, тогаш имаме „неугодност“ во стомакот. Шеснаесет проценти од луѓето имаат ваков проблем“.

д-р Воислав Перишиќ

Д-р Перишиќ вели дека овие проблеми можат да бидат крајно непријатни, но решението може да се најде во елиминирање на намирниците кои најчесто предизвикуваат проблеми.

д-р Воислав Перишиќ

„Храна која има нескробни ферментирачки јаглехидрати – јаболко, круша, слива, цреша, грав, грашок, боранија, мед, чај од камилица, млеко со лактоза. Бананите ги немаат тие јаглехидрати, а исто така, и лубеницата ги нема, компирите, лиснатиот зеленчук… Ниту еден вид месо не предизвикува надуеност. Јаболкото е кралица на овошјето, но може да направи голем проблем“, вели тој.

д-р Воислав Перишиќ

Проблемите со цревата предизвикува слабеење на имунитетот и многу други потешкотии, вели д-р и гастроентеролог Кенет Браун. Еве ги неговите златни совети, според кои ќе го сочувате здравјето на вашите црева:

ХРАНАТА СЕКОГАШ Е НАЈДОБРИОТ ЛЕК. Сè што ќе внесеме во нашиот организам, на одреден начин влијае врз вас. Докторот советува внимателно да се чита декларациијата на сè што ќе купите, па дури и земјата на потекло.

ИЗБИРАЈТЕ СООДВЕТНИ ВЛАКНА. Влакната се делат на две групи: растворливи и нерастворливи влакна. Растворливите влакна се наоѓаат во гравот, грашокот, лененото семе, бобестото овошје, јаболката… и тие всушност ја успоруваат дигестијата.

Доколку имате проблем со нивното дигестирање (бидејќи, потребно е време за да се разложат) и сте забележале дека поедини намирници од оваа група ви предизвикува дуење на стомакот, тогаш подобро би било да ги одбегнувате или ако веќе ги конcyмирате, да не ги мешате со друга храна.

Секогаш подобриот избор се нерастворливите влакна кои се наоѓаат во оревите, интегралните житарици, семките, разните семиња и особено интегралниот ориз кој се препорачува да се јаде секојдневно.

ФЛАВОНОИДИТЕ СЕ НАШИТЕ НАЈДОБРИ СОЈУЗНИЦИ. Флавоноидите на зеленчукот му ја даваат бојата, а многу се корисни за дигестијата, бидејќи дејствуваат како антиоксиданти. Најголема концентрација на флавоноиди се наоѓаат во зелената салата, кромидот и слаткиот компир.

НАМАЛЕТЕ ГО CТPЕCОТ. Кога сме под cтpеc, лачиме прекумерно количество на желудочна киселина која предизвикува пречки. Физичката активност е одлична за елиминиpање на напнатоcта.

КВАЛИТЕТНИОТ СОН Е ЗАДОЛЖИТЕЛЕН: Сонот навистина е лековит. Доколку сте одморни, проблемите во цревата полека ќе се смират или целосно ќе ве заобиколат.

ВЕШТАЧКИТЕ ЗАСЛАДУВАЧИ ПРАВАТ СЕРИОЗНИ ПРЕЧКИ. Вештачките засладувачи се главните причинители за дијареа, бидејќи организмот не е во состојба да ги свари. Кога купувате каков било производ, задолжително читајте ја декларацијата. Прочитајте: ЗОШТО СТОМАКОТ ПОСТОЈАНО ВИ Е ПОДУЕН: Ова е причината, а еве како се решава проблемот – ОВДЕ.