Дали мастите ви се таложат само во долниот дел од стомакот, во целиот горен дел од телото или главно во половината, задникот и колковите? Откријте што значи за вашето здравје и што е потребно да се направи.

Салото се таложи во долниот дел од телото најчесто кај луѓе чие тело има облик на круша или јаболко, но маста може да се наталожи и на горниот дел од грбот, само на стомакот или во нозете.

Проверете во кој случај спаѓате вие и што можете да направите по тоа прашање. За секој тип на тело, без разлика колку масти се наталожиле, постои идеална вежба со која ќе можете да се ослободите од вишокот масно ткиво.

Масти во горниот дел од телото – значи дека јадете повеќе отколку што ви е потребно, па за да го намалите вишкот, потребно е да вежбате за да ги потрошите вишокот калории.

Луѓето кај кои мастите се таложат во горниот дел од телото имаат зголемен ризик од дијабетес тип 2, апнеја во сон и зголемен крвен притисок.

Затоа е важно својата состојба да ја сфатите сериозно, бидејќи високиот крвен притисок влијае врз зголемениот ризик од инфаркт и други срцеви заболувања.

Огромен стомак – обично е резултат на прекумерно уживање во алкохол. Ако сакате да бидете здрави, нужно е да се намали алкохолот или уште подобро, комплетно да се исфрли од животот.

Маст во долниот дел од абдоменот – најчесто упатува дека лицето пати од депресија и потешкотии, а би можеле да помогнат техники за опуштање и вежбање.

Голем масен стомак и масти во горниот дел од грбот – ваквото складиштење на мастите обично резултира од седентарен начин на живеење или генетска предиспозиција. Штом започнете со вежбање, мастите ќе се истопат.

Ако имате ваков тип на тело, важно е да го следите нивото на шеќер во крвта, бидејќи сте склони на дијабетес. Вам повеќе ви одговора диетален режим со помали но почести оброци.

За намалување на мастите најмногу ќе ви помогне велосипедизмот, планинарењето, пливањето и трчањето, бидејќи овие активности најдобро ги намалуваат мастите од областа на стомакот.

Сало во долниот дел од телото (половина, задник, бутови) – почесто се јавува кај жени отколку кај мажи. За да се спречи потребно е да се прават кардиоваскуларни вежби и вежби за снага.

Сало во долниот дел од телото и во долниот дел од нозете – најчесто се јавува кај трудници. За нив се препорачува консултација со својот лекар доколку забележат било каква промена.