Кога првпат го пробав овој колач, целосно се занеcoв во неговиот вкус што не забележав дека сум земала 4 парчиња. Сунѓерестиот и кремаст вкус што го прават посебен овој колач се должи на млечниот вкус измешан со ванилата.




Помеѓу филот се редат и сечкани јагоди кои лесно може да се најдат овој период од годината. Ова ми е омилениот колач кој си го правам постојано, а рецептот го добив од пријателка која често го правеше во нејзината слаткарница. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 жолчки, 4 белки, 120 г шеќер, 110 мл млеко, 45 г путер, 120 г сенаменско брашно, 1 мала лажица прашок за печиво, 1 мала лажица ванила, 1 мала лажица рендана кора од лимон (опционално), прстофат сол, јагоди.




ЗА БЕЛИОТ КРЕМ: 600 г ладна неутрална павлака, 1 и пол лажичка ванила, 3 големи лажици шеќер (може да се додава повеќе или помалку по вкус), прстофат сол.




ПОСТАПКА: издвојте 4 белки во подлабок сад и започнете да ги матите со најмала брзина на миксерот. Како што ќе стануваат пенасти, постепено зголемувајте ја брзината на миксерот и градијално додавајте го шеќерот да се растопи во белките. Важно е добро да се изматат белките за да навлезе што повеќе воздух во нив и кората да биде сунѓереста.




Кога ќе го достигнете врвот од најдобро измешана пена, тргнете ја настрана и во друг сад изметете 2 жолчки со ванилата. Жолчките се матат додека да побелат. Додајте го млекото и продолжете со матење, потоа се додава путерот и на крајот сувите состојки како брашното, прашокот за печиво и солта. Кога ќе ги ставите сувите состојки во смесата, важно е да не ја премешувате целата содржина поради нискиот процент на масти.




Се додава и ренданата кора од лимон, па 2 лажици од првично изматената пена од белки. Се соединува и целата смеса од жолчлки се додава во белките. Измешајте лесно со шпатула. Поделете ја смесата на 2 еднакви делови и печете посебно во квадратен мал плех, обложен со хартија за печење во претходно загреана рерна на 160 степени, 20-22 минути.




По печењето, корите се оставаат добро да изладат пред да се извадат од плехот, околу 5 минути. Потоа превртете ги на рамна површина и извадете ја хартијата за печење. Додека корите се печат подгответе го следниот крем: цврсто изматете ја хоплата со шеќер, ванила и прстофат сол.




Половина од кремот се премачкува врз првата кора, а сето тоа правете го набрзина за да не спласне кората. Одозгора се редат јагоди исечени на половина и малку се притиснуваат во кремот. Потоа се премачкува со втората половина од кремот и одозгора доаѓа втората кора и се зачувува уште малку од кремот за премачкување на површината.




Тортата се става во фрижидер да се стегне 2 часа, а потоа одозгора се декорира со уште еден слој од свежи јаготки. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.