Јапонска диета: за 14 дена се топат 7 кг без гладување

loading...

Јапонците се познати по своите кулинарски вештини но и по тоа што тие ретко имаат проблем со својата телесна тежина.

Своите оброци ги приготвуваат со ниски калории, но богати со растителни масти, растителни влакна, протеини и витамини.

Подолу можете да прочитате за оваа неверојатна јапонската диета која ќе ви помогне во губењето на 7 килограми за 14 дена.

loading...

Оваа диета е толку ефикасна, што ги руши сите рекорди во бројот на корисниците кои ослабеле екстремно брзо.

Намирниците од оваа диета можете лесно да ги пронајдете, па можете да ја започнете кога ќе посакате.

РЕЖИМ НА ИСХРАНА

1. и 13. ден

Појадок: црно кафе.

Ручек: 2 тврдо варени јајца, салата од варена зелка со растително масло, чаша сок од домати без сол.

Вечера: варена риба или печена на скара

2. и 11. ден

Појадок: црно кафе, парче црн леб.

Ручек: варена риба или печена на скара, зеленчукова салата со растително масло.

Вечера: 200 г варено говедско месо, чаша јогурт.

3. и 8. ден

Појадок: печени тиквички, јаболко.

Ручек: 100 г варено говедско месо, овошје.

Вечера: 2 тврдо варени јајца, 200 г варено говедско месо, салата од свежа зелка.

4. и 9. ден

Појадок: црно кафе.

Ручек: 1 меко варено јајце, 3 големи варени моркови, 15 г тврдо сирење.

Вечера: овошје.

5. и 10. ден

Појадок: свеж морков, сок од лимон.

Ручек: печена или варена риба, една чаша сок од домати без сол.

Вечера: овошје.

6. и 14. ден

Појадок: црно кафе.

Ручек: половина варено пилешко месо, салата од варена зелка или морков со растително масло.

Вечера: 2 варени јајца, зеленчукова салата.

7. и 12. ден

Појадок: чај без шеќер.

Ручек: 200 г варено говедско месо, овошје.

Вечера: избери вечера од било кој ден, освен третиот.

Во текот на оваа диета не треба да се консумира:

Алкохол – негативно влијае на метаболизмот и го спречува исфрлањето на токсини.

Шеќер – главниот виновник за дебелеење.

Леб – првенствено поради тоа што е направен од бело брашно.

Сол – затоа што е одговорна за задржувањето на вишокот течности во организмот.

Дополнителни забелешки:

– Строго следете го планот за исхрана.

– Може да се консумира салата во неограничена количина, но количината на масло не треба да биде повеќе од 1 лажица.

– Треба да пешачите најмалку 30 минути дневно.

-Пијте по 1 литар минерална вода во која сте додале сок од 1 лимон, дневно. Оваа лимонова вода пијте ја во текот на денот (особено кога ќе се чувствувате гладни и дека е време за оброк).

Пред почеток на било каков диетален режим, консултирајте се со вашиот нутриционист или вашиот матичен лекар!

loading...