Јадете кајсии додека ги има во сезона, еве зошто толку се важни

Кајсиите се многу привлечно овошје со својата јарка жолтопортокалова боја. Плодот е сочен, мирисен и многу вкусен, а во внатрешноста има семка која е заштитена во цврста лушпа. Кога бевме деца, после јадењето кајсии, земавме камен и ја кршевме оваа лушпа, а потоа ја јадевме семката.




Кајсиите вака треба да се јадат, комплет со семката. Дрвото на кајсијата е едно од ретките кои многу малку или воопшто не се прска, па така, речиси со сигурност можеме да речеме дека е едно од поздравите опции во летната сезона, пишува НМД.мк




Плодот на кајсијата изобилува со витамини и минерали, како и некои корисни киселини. Поради портокаловата боја сигурно погодувате дека најмногу изобилува со витаминот А, особено со еден посебен витамин – ретинолот (А1) кој е заслужен за здравјето на очите и бистриот вид.




Доволно е секојдневно наутро да јадете по три-четири кајсии за да ги почувствувате благодетите кои тие ги нудат. Витамините содржани во нив ја прават кожата да блеска и му овозможува на телото поголема отпорност од болести.




Ако во градината имате кајсија и ви родила повеќе отколку што можете да изедете, наберете ги плодовите и природно конзервирајте ги, во вид на компот, слатко, џем или мармалад. А можете и да ги исчистите и да ги поставите на чиста ткаенина, па да ги исушите на топло и проветно место со превртување по потреба.




Свежите кајсии содржат помалку калиум отколку бананите, но сувите кајсии може да се каже дека се рекордери кога станува збор за овој микроелемент. Сите што имаат некаков проблем со кардиоваскуларниот систем, веројатно веќе го слушнале советот од нивните кардиолози, колку е корисно да јадат барем 100-150 г кајсии дневно.




Кога не е сезоната на кајсии, секогаш можете да посегнете по сувите кајсии. Овде мора да напоменеме дека домашните суви кајсии се секогаш подобра опција од купечките, бидејќи со сигурност знаете дека се целосно природни без разни додатоци.




Покрај другото, вреди да се спомене и дека кајсиите изобилуваат со растителни влакна, кои пак се многу корисни во нормализирање и намалување на нивоата на холестеролот. Покрај тоа, одлични се и за здравјето на црниот дроб, па од тие причини, нутриционистите советуваат кон-сумирање на барем две кајсии секојдневно.




Кајсиите содржат и голема количина на витамин Ц и токофероли, па без разлика дали ги јадете суви или свежи, тие имаат голем антиоксидативен ефект, што пак, благопријатно се одразува врз здравјето на кожата.




Сигурно сте забележале дека во речиси сите познати козметички средства за нега на кожата и косата се содржат масла и екстракти од ова овошје. Антиоксидантите од кајсиите не се корисни само за кожата, туку тие го намалуваат и оксидативниот ст-рес.




Да не го заборавиме ниту калциумот кој им е потребен на коските. Кајсиите изобилуваат токму со овој минерал кој спречува појава на остеопороза. Во овој плод калиумот и калциумот се во совршен сооднос, а добро е познато дека без доволно калиум, не може ниту калциумот правилно да се апсорбира во организмот.

Претходна статијаИспијте го овој ѓумбир-куркума чај во раните утрински часови, па гледајте каков ефект ќе има
Следна статијаСо газирана вода тестото секогаш ќе ви успее – од овие вкусни печива целата куќа ќе ви мириса привлечно