Постојат огромен број на различни постапки за подготвување на тесто за печива. Па дури и доколку не сте искусни во месење на теста, кога ќе го измешате брашното со газирана вода според овој рецепт, сигурно ќе ви успее од првпат.

Ќе добиете многу меко и мирисно печиво од кое ќе ви мириса целата куќа. Секоја домаќинка или домаќин треба да го испроба и овој начин на подготвување, бидејќи нема да ве разорачара.

Во овој случај тестото се премачкува со путер и крем сирење, но секогаш можете да го филувате и според ваш вкус. Еве како се приготвува и кои состојки ви се потребни, пишува НМД.мк

Потребни состојки: 700 г брашно, 1 свеж квасец или вреќа сув квасец, 1 лажичка шеќер, 250 мл млако млеко, 200 мл газирана вода, 1 лажичка сол, 100 мл масло, 2 јајца, 2 лажици масло, 50 г сусам, 300 г крем сирење, 100 г путер или маргарин

Постапка: во еден сад измешајте ги шеќерот, млекото и квасецот. Промешајте за да се растворат и оставете да се активира квасецот некаде на топло место, околу 10-тина минути.

Во подлабок сад ставете половина од вкупната количина на брашното, солта, маслото (100 мл), активираниот квасец и половина од киселата вода. Промешајте со лажица, а потоа наизменично додавте брашно и газирана вода додека постојано мешате.

На крај, кога повеќе не може да се меша со лажица, замесете го тестото со рака. Ќе добиете доста меко тесто кое сепак се одвојува од ѕидовите на садот. Покријте го со проѕирна фолија и оставете го на топло место да стасува околу половина час, додека да се удвои.

Потоа истресете го врз набрашнета работна површина и премесете го. Развлечете го со помош на оклагија во правоаголна кора со дебелина од еден центиметар. Преку целата површина премачкјате го со растопениот путер, а потоа и со крем сирењето.

Распоредете и израмнете рамномерно. Потоа сечете ленти со дебелина од приближно 2 см или по ваша желба. Виткајте во вид на полжави (погледни видео подолу на линкот) и малку израмнете со прстите.

Секое „полжавче“ од страните премачкјате го смеса од изматени два јајца со две лажици масло, а потоа валкајте ги во сусам. Вака приготвените полжавчиња редете ги во плех обложен со хартија за печење.

Рерната загрејте на 200 степени. Штом ги ставите печивата да се печат, намалете на 180 степени и печете околу половина час, додека убаво да заруменат. Кога се готови, покријте ги со памучна крпа неколку минути, па можете да ги послужите. Излегуваат меки како душа. Деталите од постапката можете да ги погледнете ОВДЕ. Фотографии од постапката: