Јаболкото е крцкаво и многу вкусно овошје, едно од најпопуларните во целиот свет. Јаболкото може да биде слатко или кисело, а неговиот вкус може да варира во зависност од видот што го јадете, пишува НМД.мк

Здравствени придобивки од јаболката

Јаболката може да направат многу, кога станува збор за вашето здравје, благодарение на нивните растителни хемикалии наречени флавоноиди. Тие исто така се состојат од пектин, влакна што се разградуваат во цревата.

Флавоноидите и пектините се наоѓаат во големи количини во кората од јаболко и затоа е многу важно да се јадат нелупени, органски (непрскани) јаболка. За жал, во денешно време ретко може да се пронајдат такви, а луѓето како да го заборавија вкусот на јаболковата лушпа, бидејќи редовно мора да се лупат купечките јаболка, пишува НМД.мк

Влакната можат да го забават варењето, па се чувствувате сити после јадењето. Ова може да спречи прејадување. Јадењето храна богата со растителни влакна ги намалува ефектите на киселинскиот рефлукс.

Јаболковите влакна исто така можат да помогнат при дијареја и запек (печено/сирово јаболко, чај од јаболкови лушпи). Некои студии покажуваат дека растителните супстанции и влакната од лушпата на јаболкото штитат од ош-тетување на кр-вните садови и срцето.

Тие исто така можат да помогнат во намалување на холестеролот и може да ја заштитат ДНК-та на вашите клетки од нешто што се нарекува оксидативно оштетување, што е една од главните работи што може да доведе до рак.

Истражувањата покажуваат дека антиоксидансите во јаболката можат да го забават растот на клетките на ракот. Тие исто така можат да ги заштитат клетките на панкреасот, што може да ги намали шансите за дијабетес тип 2.

Јаболките се исто така корисни за:

Срцето, проблеми со астма, здравјето на коските, губење на тежината, мозокот, имунолошкиот систем и здравјето на цревата.

Јаболката го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни болести

Самиот хранлив состав на јаболката укажува дека тие се одличен избор за здравјето на нашето срце. Содржат одлични количества антиоксидативни компоненти, растителни влакна, но и низа на минерали и фитохемикалии кои се многу важни за срцето.

Калиумот од јаболката делува на намалување на високиот кр-вен притисок, го регулира ефектот на натриумот (солта), ги опушта кр-вните садови и ја подобрува циркулацијата. Корисен ефект за здравјето и кр-вните садови имаат и магнезиумот, железото, бакарот и низата фитохемикалии кои се исто така присутни во јаболката.

Постојат цврсти докази дека храната богата со фибер, особено овошјата и зеленчукот, можат да го намалат ризикот од повеќето хронични заболувања, помеѓу кои и у-би-ецот број еден – срцевите болести.

Пектинските материи со кои се богати јаболките, се познати по нивниот потенцијал природно да го намалуваат холестеролот во кр-вта. Истражувањата покажуваат дека вискозните растителни влакна, како пектините, можат директно да делуваат на намалувањето на холестеролот во кр-вта, преку негово врзување уште кога е во дигестијата и на тој начин понатаму исфрлање преку столицата.

Јаболката придонесуваат за поуспешно с лабеење, поздрава дигестија и храна погодна за лицата кои стра даат од дијабет

Како нутритивно сконцентрирана храна, јаболката содржат висок процент растителни влакна и вода, но имаат и многу мала калориска вредност. Наведените факти ја прават оваа вкусна храна особено погодна за сла-беење.

Освен што практично не можете да претерате со неа, таа ќе ви обезбеди и сите претходно наведени микронутриенти и потентни антиоксидативни компоненти кои нудат најразлични корисни дејства за организмот.