Одговараме на прашање од читателка:

“ЕДНО јаболко дневно, ве чува подалеку од болести и лекари” – ова е една анегдота која од англиски е преведена на речиси сите можни јазици.

Сигурно и вие сте пораснале слушајќи ја оваа поговорка, но дали некогаш сте се запрашале колку калории има едно јаболко и дали ова овошје е толку здраво колку што мислат нашите мајки? На ова секако размислува една наша редовна читателка која не’ поттикна да го напишеме текстот.

Јаболката се второ овошје после бананите кои најмногу се јаде и тоа со добра причина. Не се скапи, здрави се и вкусни. Според податоците, во едно јаболко со средна величина има 95 калории. Јаболкото со кора има нула масти, 25 г јаглени хидрати, 19 г шеќер, 4 г влакна и немаат протеини.

Ако ве загрижува овој податок дека јаболкото има многу шеќер, тоа не е истиот оној шеќер што го внесувате кога јадете чоколадо. Влакната се природен начин за регулација на нивото на шеќер во крвта и се наоѓаат во овошјето и зеленчукот. Влакната помагаат да се “успори” варењето на храната со што се спречува наглиот скок на шеќер во крвта кој го доживувате секојпат кога ќе изедете некое бонбонче, кое на пример сте го изеле претпладне, кога колешка на работа ве почастила за роденден или слава.

Со редовно консумирање на јаболката вие ги намалувате шансите да заболите од дијабетес тип 2.

Поради влакната со кои обилуваат тие се одличен пробиотик, а само едно јаболко е доволно да задоволи 14% од дневните потреби за витамин А и 11% од потребите за витаминот Ц.

Може да ви помогнат и во регулирање на телесната тежина и одлични се за ужина. За да внесете потполн оброк, односно заедно со јаболката да внесете дополнително количество влакна, протеини и масти, се препорачува да јадете едно јаболко со една лажица кикирики или некој сличен путер. Витаминот Ц од јаболкото ќе ви помогне да го апсорбирате железото од путерот.

Да заклучиме: јадете ги јаболката, едно, две, три…во еден оброк, во зависност од вашите дневни потреби за калории. Јаболката како и другото овошје треба да се јаде на гладно, а никако после обилен оброк. Најдобро би било да одберете органски, не прскани јаболка кои имаат и некое црвче во нив, но доколку не успеете да најдете такви, тогаш подобро е да ги излупите или многу добро да ги измиете неколкупати, бидејќи денес јаболката се прскаат повеќекратно, а штетните хемикалии најмногу се задржуваат токму на нивната кора.