Зелениот лилјан или хлорофитум е популарна салонска билка и често се среќава по канцелариите и домовите. Повеќето луѓе барем еднаш во животот ја поседувале.
Исклучително лесно се одгледува и особено се препорачува за почетници без искуство во одгледување на салонско цвеќе.

Минимална нега: билката хлорофитум ќе преживее и со минимална нега и може да поднесе и пониски температури.

Меѓутоа, ќе изгледа непривлечно со жолти листови кои опаѓаат ако нема доволно вода или светлина, или пак ако ги има премногу.

Ако добро се грижите за неа- ќе изгледа одлично.
Многу е благодарна за одгледување во канцеларии и холови на бизнис згради бидејќи не бара редовно полевање. Исто така, погодна за вакви простори ја прави тоа што може да живее на места без директна сончева светлина. Сепак на места кои се лошо осветлени нема да изгледа најдобро.

Како изгледа: како што веќе споменавме, доколку ја занемарите билката таа нема да изгледа убаво. Но, ако ја негувате, листовите ќе растат во вис и ќе бидат исправени.
Најпопуларните видови имаат зелени листови со бели ленти по ивиците.

Цвет: може да се јават бели цветови во обликна ѕвезда и обично се јавуваат во гроздови на врвот од стебленцето (кое може да порасне и до два метри). Цветовите кои ќе се јават од страна, можете да ги пресадите.

Кога најдобро растат: бидејќи листовите и стебленцата се доста високи, хлорофитумот можете да го пресадите во висечки саксии и да ги чувате на места каде можат непречено да растат (на пр. на полица или маса). Кога се млади и помали, можете да ги чувате каде сакате – важно е да не се изложени на директна светлина.

Хлорофитум е билка која може да се одгледува во речиси секој тип на почва. Сепак, најдобар е хумусот кој можете да го измешате со малку обична градинарска земја.
Зелениот лилјан не бара ѓубрење ако е зададен во хумус. По послаба земја може да се додаде течно ѓубриво.

Еднаш месечно потребно е да се чисти од прашина.
Хлорофитум можете да го чувате во текот на зимата и во простории кои не се греат (ходници, влез, скали…) сепак не би требало да бидат на температура пониска од 7 степени.

Загадување: докажано е дека зелениот лилјан значајно го намалува загадувањето на воздухот во опкружувањето. Оваа билка успешно ги прочистува отровите од воздухот како што се формалдехид и јаглен моноксид.

Еден хлорофитум е сосем доволен за чист воздух во еден стан, бидејќи може да го прочисти воздухот и во простор од дури 200 квадрати.