Бурек кој секогаш успева со вкус како купечкиот

Потребни состојки:

100 мл масло

600 г мелено месо

*се пропржува 3 минути

400 г сечкан кромид

10 г сол (2 мали лажички), црн пипер

650 г тенки кори

2 лажици масло за намастување на тркалезна тепсија

За попрскување:

50 мл масло

400 мл минерална вода

Постапка:

Меленото месо се пропржува со 100 мл масло, околу 3 минути. Потоа се додава сечкан кромид, се посолува и запиперува и се пропржува уште малку. Се остава на страна.

Врз намастена тепсија ставете две кори. Врз нив наросете малку од месото (2-3) лажици, па 2-3 лажици од смесата за попрскување.

Потоа ставете една кора и наросете од филот и киселата вода, па следна кора, а од филот наросете само на рабовите.

Продолжете со редење на корите и поросување со филот и попрскување на истите, за на крај да ставите две кори.

Би требало да ви остане околу 100 мл од мешавината на кисела вода со масло, па попрскајте одозгора.

Печете на 210 степени околу 40 минути.

Loading...