Дали се приближувате кон 40 или веќе сте навлегле во 5-тата деценија од животот? Сигурно веќе сте започнале да ги чувствувате сите промени во здравјето кои ги носи оваа возраст. Доколку сакате да останете со истите здравствени перформанси без да внесувате разни вештачки додатоци, прочитајте го тектот подолу:




Особено ако сте приврзаник на природната медицина, тогаш имаме одличен рецепт за вас. Препознајте ја црвената детелина следен пат кога ќе бидете излезени во природа, па наберете ќитка од цветови и стебленца, наполнете тегла и прелијте ја со квалитетно растително масло.




Ќе добиете одличен е ликсир за одржување на здравјето. Важно е само детелината да ја наберете од еколошки чиста средина, а неговите својства дефинитивно треба да ги знае секоја жена која има наполнето 40 години.




Црвената детелина можете да најдете во речиси сите ливади ширум земјата, но најдобро е да се бере напролет. Честопати може да се сретне и во дворовите како украсна билка, а ретко кој знае дека таа исто така, е многу лековита, особено за жените. Во народната медицина се користи многу одамна.




Еве некои клучни работи кои треба да ги знаете за билката. Ливадската детелина содржи супстанции наречени изофлавони кои делуваат многу слично на женскиот хормон естроген. Во случај на валунзи (топли бранови) кои се вообичаени за пери- и менопаузата, оваа билка е одличен избор.




Исто така, делува одлично за регулирање на нередовната мен-струација, превенира болести на гра-дите и рак на дој-ка, претставува одлична помош при лекување на бронхитис и кашлица, а ги олеснува и симптомите при ревматизам и гихт.




Ако сакате да го прочистите вашето тело од наслаги и соли, тогаш детелината може многу да ви помогне. Сепак, најмногу помага за ублажување на симптомите од веќе споменатата менопауза и ја ублажува б олката во гра-дите за време на хормоналните промени.




Се разбира детелината може да се користи на повеќе начини. Од неа може да се приготви чај, да се приготвуваат облоги, тинктури или мацерати. Може да се користи надворешно и внатрешно. За тинктура: теглата се полни со цветови набрани од претходниот ден, се прелива со ракија, се затвора и остава на темно, топло и суво место три седмици.




МАСЛО ОД ДЕТЕЛИНА. Наберете цветови од црвена детелина и оставете ги под сенка неколку часови, за да можат малите инсекти да излезат од нив, но и да испари од нив вишокот влага. Потоа наполнете ги во претходно стерилизирана стаклена тегла.




Прелијте ги со растително масло (најдобро ладно цедено), така што сите делови од билката да бидат потопени. Ставете ја теглата во водена бања и малку загрејте. Активните состојки најдобро се ослободуваат на температура од околу 40 степени. Во водената бања оставете да отстои 90 минути.




Потоа тргнете од оган и оставете да се олади два до три дена на собна температура. Процедете и маслото складирајте го во темни стаклени шишиња. Со ова масло можете да се мачкате на лицето и рацете против бр-чки. Исто така, може да се мачкаат гра-дите или било кое друго место на кое чувствувате б олка.